Море од тага, бранови, по македонскиот дигитален јавен простор. Од Министерства до фанови... Сите препознаваат дека изгубивме нешто вредно, вредна ретка птица трогната од бисерите кои ни се во дланките, и тажна што одбиваме да ги погледнеме. Реакциите можеби хаотично се нафрлени, но со една цел: отсликуваат без сомнеж колкава сила тоа ситно пргаво тело содржеше. Можеби тагуваме и за себе. Можноста дека ќе се изгубиме во сопстбениот дефетизам, без Мирко да не́ цимне?
Дури и троловите замолчеа (воглавно).
Comments