top of page

МКЦ не заборава : 60 години од земјотресот во Скопје



Скопје е град со богата историја, култура и традиција, но, и не е претерано да се каже дека и со тешка судбина. На 26 јули 1963 година, Скопје беше погодено од разорен земјотрес кој уништи голем дел од градот и го одзеде животот на повеќе од 1000 луѓе. Тој ден остана впечатен во сеќавањето на сите Скопјани, но и на целиот свет, кој се мобилизираше да им помогне на жртвите и да им даде поддршка за обнова на градот.


МКЦ Скопје е една од институциите кои се родени во тој процес на обнова, со цел да промовираат уметноста, културата и образованието во Скопје. Оваа година, МКЦ Скопје ќе одбележи 60 години од земјотресот со разновидна програма која ќе го почитува минатото, но и ќе гледа кон иднината.


И во оваа година, МКЦ Скопје како институција која е поврзана на повеќе начини со несомнено најголемиот и најтажниот момент во историјата на градот, организира специјална програма по повод 60-годишниот јубилеј од земјотресот. Музичкиот дел од програмата започнува во 21 часот, во паркот на МКЦ, каде ќе наслушаме изведби на македонските музички таленти Pedro Horisonte, Луфтанза и Баклава. Овие изведби ќе бидат придружени со промоцијата на албумот "За Скопје со љубов".




Во паркот на МКЦ од полноќ ќе се проектира филмскиот калеидоскоп "Скопје Ремикс [2012]". Филмот покажува едно модерно Скопје, обновено и втемелено на љубов и солидарност. Сите програмски активности се со бесплатен влез, а едноставната порака е да го поминете овој ден во силата на музиката и културните настани, за да го дадеме почит на случувањата поврзани со оние страшни моменти но и години кои го доведоа градот на колена, но евентуално извадија од Скопје квалитет и особини за кои можеби не беше сосема свесен, преку глобалната и југословенската солидарност.

*Ова не е конечната програма, во очекување сме на понатамшни објави

bottom of page