top of page

„Состојбата на нештата - Возила“ на Наташа Гелева пристигнува во Струга: фотографии за распадот и присуството


Изложбата „Состојбата на нештата - Возила“ на фотографката Наташа Гелева ќе биде поставена во фоајето на Н.У. Центар за култура ,,Браќа Миладиновци” во Струга во 19 часот.


Станува збор за внимателно избрана серија од околу 30 фотографии во формат 30x45 см, создадени низ неколку години континуирана работа и набљудување.


Доследна на нејзината перспектива која го слави чудното и чудноватото, традиционалниот пристап кон автомобилската фотографија, каде возилата се во центарот на вниманието, фетишизирани и сексуализирани како проекција на машкиот поглед на сопственото либидо, симболи на брзина, моќ, Гелева нуди тивка, но моќна контрапозиција.


Возилата во нејзините кадри не се субјекти на обожување, туку дел од пејзажи што сведочат за распад, запоставеност и минливост. Понекогаш замрзнати во состојба на полуисчезнатост, како слеани со сопствената околина, овие објекти стануваат носители на тишината — на сѐ она што некогаш било, и веќе не е. Преку „Состојбата на нештата - Возила“, Гелева продолжува да ја истражува естетиката на отпаднатото, она што е оставено, одминато, потценето или едноставно заборавено.

Во овој серијал, уметницата наоѓа радост во напукнатоста на времето, а во распаднатите возила — документ за еден животен циклус, за отфрлените машини како отелотворување на човечкиот страв од сопствената непотребност. Нејзиниот фотографски јазик останува посветен на апсурдот како уметничка истина, каде предметите зборуваат тивко, но со длабока емоционална резонанца.



Сашо Насковски за „Возила“: Смртноста како визуелна тема

Во критичкиот осврт на изложбата, Сашо Насковски пишува:

,

„Понекогаш се чини дека уметникот следи една тема во текот на својот живот и таа се манифестира во различни форми. Гледајќи ги изложбите Елегија за старата железничка, Хомо натура – хомо технологикус, Излишно, видеото И фабриките имаат душа – се провлекува заедничка нишка: смртноста, ефемерноста, ранливоста, емпатијата кон отфрленото, деструктивната сила на конзумеризмот.“


Насковски ја чита „Состојбата на нештата - Возила“ како естетска елегија за еден свет кој умира полека — не во експлозија, туку во тишина. Возилата не се прикажани како симболи на моќ, туку како сведоштва за употреба, истрошеност и неважност, за краткотрајната слава на предметите (и луѓето) во современото општество:


„Во серијава не се гледаат скапи или нови автомобили. Сликите се на стари, отпаднати возила, често прикажани како дел од околината, слеани со неа. Фотографиите не се посветени на деталите од машината, туку на целината – односот помеѓу објектот и неговиот контекст. Така, автомобилот станува метафора за телото, за истрошеноста, за поминувањето.“

Оваа симбиотска врска помеѓу возилата и нивната околина е во срцето на изложбата. Насковски додава:


„Понекогаш возилата се толку камуфлирани што стануваат тешко препознатливи – дел од пејзажот, а не централен објект. Таа избалансираност ја избегнува експлицитната моќ на просторот и го нагласува контекстот како коавтор.“

Апсурдизмот како отпор и утеха


Со „Возила“, Наташа Гелева ни го покажува светот што лежи покрај автопатот на интересот — оној свет што повеќето го гледаат, но не го забележуваат. Во распаднатите машини таа гледа метафора за живеењето: за тоа како нештата се користат, забораваат, и понекогаш, токму во својата запуштеност, стануваат најискрено убави.


Стани Дивотно

Opmerkingen


Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

дива лого
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page