top of page

На прагот на нешто возбудливо: дванаесетто издание на ПРВО ПА ЖЕНСКО



 Соочувајќи се со сегашните предизвици, критички гледаме кон борбите од минатото. Програмата заговара зајакнување на транснационалното поврзување на феминистичките заедници кое е клучно за радикална, неметафорична солидарност. Низ неа, заедницата, сфатена како глагол, оживува како најефективен облик на бунт против патријархатот[1], различните империјализми и длабоко вкоренетиот расизам.
Пропрашувајќи ги лекциите од минатото, продолжуваме понатаму, прегрнувајќи ги соништата за иднината - солидарна, рамноправна, праведна.

Доколку ве инспирираше овој call to action на Tiiiit Inc.! тогаш ќе сакате да присуствувате на македонската премиера на феминистичката театарска претстава „Свет без жени" од авторките Олга Димитријевиќ и Маја Пелевиќ ќе се одржи на 16-ти мај во 20 часот на Академската сцена на Факултетот за драмски уметности  во Скопје.



Оваа претстава е дел од програмата на фестивалите ПЕРФОРМАНС ПЛАТФОРМА и ПРВО ПА ЖЕНСКО #12, во организација на LOKOMOTIVA-Centre for New Initiatives in Arts and Culture и Tiiiit! Inc.




Успехот на "Свет без жени" е докажан не само на македонската, туку и на меѓународната сцена. Претставата ја освои наградата од публиката на престижниот Фестивал БИТЕФ во 2022 година. Претставата третира теми како женитe и нивната улога во современиот свет, со акцент на жените кои борат за своите права и слободи.



По изведбата, во рамки на дискурзивната платформа на Локомотива и Tiiiit! Inc. - Дијалогот што недостасува, ќе следи разговор со авторките, модериран од Калиа Димитрова.



Влезот е слободен, но поради ограничените места, се препорачува резервација на tiiiit.inc@gmail.com.

Comments


bottom of page