Од Моја Бејли;
Во еден од многуте пресврти во последната сезона на Империјата САД, потпретседателката Камала Харис, исплива како претпоставениот претседателски кандидат. Додавајќи на се́ подолга листа на новитети, Харис влегува во историјата како првата жена која е Црна и Индијка, која ја добива номинацијата на партијата. Иако Харис собра невидени 81 милион долари во првите 24 часа откако претседателот Бајден ја прекина сопствената кампања за реизбор, овој прилив на пари ниту гарантира дека нејзината кандидатура за Белата куќа ќе биде успешна, ниту пак претставува недвосмислена поддршка.
Харис беше и треба да биде критикувана. Но сепак, ќе ги добие и оние критики кои се втемелени во прашања на нејзиното политичко резиме, и оние кои се втемелени во мизогиноар; да се направи разлика помеѓу двете е есенцијално за оние кои сакаат да направат информирана одлука кога ќе гласаат во ноември.
Мизогиноар, како што напишав во мојата книга во 2021 Misogynoir Transformed: Black Women’s Digital Resistance (Трансформиран мизогиноар: Дигиталниот отпор на Црните жени) е говор на омраза и негативна медиумска репрезентација која ги клевети Црните жени ( и луѓето кои се читани како Црни жени). Кованицата го опишува анти-Црниот расизам и мизогинија која синергично креира деструктивна сила поголема од збирот на неговите делови, и го вообличува начинот на кој Црните жени се гледани и следствено се третирани во светот.
Мемињата и реториката која го таргетира изгледот на Црните жени; ги претставува Црните жени како недоволно женствени или непривлечни; им дава на Црните жени натчовечка сила, истрајност и способност за воспитување деца, истовремено означувајќи нè како хиперсексуални; и сугерираат дека црните жени се помалку интелигентни и поагресивни од нивните пандани - Белите жени, сето тоа придонесува за гледање на црните жени кој има вистинско материјално влијание врз нивните животи. Отровот што веќе е упатен кон Харис е предвесник за мизогиноарот што ќе го видиме во политичките медиуми во наредните месеци.
Мизогиноарот со кој ќе се соочи Харис не е ништо ново. Кога Харис се појави на шоуто Дру Баримор во април, Баримор погледна длабоко во нејзините очи и рече: „Мислев дека на сите ни треба огромна прегратка во светот во моментов. Но, во нашата земја, ни треба да ни бидете „Момала““.
Иако Баримор можеби се обидуваше да и́ даде комплимент на Харис, нејзиниот патронизирачки и и „мамирачки“ коментар ја сведе тактички вештата, политички умешната потпретседателка, на „Момала“ на нацијата, чест што и́ беше даден од нејзините поќерки. Чувствата на Баримор ја одразуваат застарената идеја дека црните жени треба да бидат старателки и чистачки, задолжени да чистат и да го исправат она што не е во ред со светот.
Преобликувањето на Харис од страна на Баримор има свој помалку пофален контрапункт на десната страна. И покрај тоа што има широко политичко досие, за кое нејзиниот противник смета дека е достојно за поддршка, Харис се нарекува „мачкарката без деца“. Претставникот Тим Буршет,, и некои од неговите колеги, исто така, придонесоа за мизогинористичката кампања за дезинформации на десницата, нарекувајќи ја потпретседателката како „вработена заради задоволување на бројките за диверзитет“. Доналд Трамп сега ја нарекува „Луда Камабла“, сè уште неизразено расистичко премислување на нејзиното име. Мегин Кели дури повторно ги изнесе на површина одамна побиените обвинувања дека едногодишната врска на Харис со поранешниот градоначалник на Сан Франциско, Вили Браун, практично значи дека таа „спиела со луѓе да стигне до врвот.“
Во неделите откако Харис ја објаци својата кандидатура, нејзината фамилија, нејзиниот сексуален живот, нејзината раса и нејзината женскост - сите тие беа стигнаа на насловните страници, на сметка на отрезнувачката вистина за нејзиното политичко досие.
Но не се сомневајте: Харис е повеќе од компетентна за функцијата што ја бара, но треба да бидеме загрижени за нејзината подготвеност да го носи знамето на партијата која изгледа повеќе е загрижена да се одржи на власта отколку всушност да ја користи.
И покрај обидот на десницата да ја окарактеризира Харис како „најрадикален“ член на Демократската партија, нејзините политички позиции уредно се усогласуваат со центристите од двете страни. Републиканците шпекулираа - додека левичарите се надеваа - дека нејзината одлука да го прескокне конгресното обраќање на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за да добие почести од сестринството Зета Фи Бета го сигнализираше нејзиниот план да се спротистваи на про-израелскиот став на актуелната администрација.
„Таа повеќе би сакала да се обрати, во лето, на некое сестринство- обоено сестринство- како да не може да го прескокне тоа“, рече водителот на Фокс њуз Брајан Килмид. „Значи, тоа е нејзина одлука и тоа е нејзина одлука да ги поддржи демонстрантите“. Килмид тврди дека рекол „колеџ“, а не „обоен“(colored), но галамата го оддалечи вниманието од целите на евентуалната средба на Харис со Нетанјаху.
Харис дополнително го отстрани секој сомнеж за нејзиниот став кога формално ги осуди демонстрантите во Вошингтон, кои, заедно со единствениот глас на несогласувањето, претставникот Рашида Тлаиб, сакаа јасно да го кажат своето противење на геноцидот што сè уште се одвива во Газа. Во Детроит, Харис дури ги замолкна пропалестинските демонстранти. „Знаете што? Ако сакате Доналд Трамп да победи, тогаш кажете така“, рече таа. „Инаку, јас зборувам“. Нејзината непоколеблива поддршка за Израел во време на неговиот геноциден напад врз Газа покренува повеќе прашања отколку што одговара за тоа што всушност може да постигне левицата под претседателството на Харис.
Доколку политичката сегашност на Харис не ве замислува, тогаш нејзиното политичко минато требало. Како поранешна обвинителка и државен обвинител која се гордееше со тоа што е „тврдокорна кон криминалот“, Харис има повеќе заедничко со оние од десницата отколку што се чини дека нејзините маргинализирани идентитети би требало да имплицираат. Нејзиниот мандат во Калифорнија со право направи многу прогресивци да се застрашат од нејзината кандидатура, бидејќи таа ја зголеми стапката на осудување на продавачите на дрога и го поддржа слабеењето на политиката на Сан Франциско како град прибежиште за имигрантите. Нејзиното досие ни покажува како ќе постапува доколку биде избрана за претседател, а овие критики за нејзиното досие може да се искористат без да се применува мизогиноар.
Во нејзиниот вирален говор на колеџот Спелман, д-р Руха Бенџамин, ја потсети публиката на границите и замките на застапеноста. „Црните лица на високите места нема да не спасат“, рече таа, пред да додаде, „тоа што сме Црни и жени сами по себе не се доверливи ако дозволиме да бидеме регрутирани на позиции на моќ што го одржуваат угнетувачкото статус кво“. Мора да размислиме кој некој треба да биде за да го „оствариме“ подвигот за поставувањето на првата Црна жена што ќе биде сериозен кандидат за претседател.
Прагматичните претседателски гласачи може да јаизберат Харис, но тоа не значи дека нејзината позиционираност во хиерархиите на нашиот свет автоматски се усогласува со најмаргинализираните меѓу нас. Треба да останеме критични кон Харис и не мора да ја навредуваме нејзината интелигенција, да ја правиме мајка на нацијата или да разговараме за нејзината романтична историја или семејна конфигурација за да го сториме тоа.
Comments