top of page

Низ град во работни денови




Разговор со уметникот Дритон Селмани во МСУ - Скопје


По повод отворената самостојна изложба „Лаењето на облаците не ги повредува кучињата“ на младиот косовски уметник Дритон Селмани во МСУ - Скопје, во среда на 7 декември, во 13 часот, во кино салата на музејот ќе се одржи презентација и разговор на авторот со кураторот Владимир Јанчевски. Влезот е бесплатен.


Ќе стане збор за специфичниот процес на конципирање, селекцијата на дела и поставувањето на изложбата, како и темите, кои се во фокусот на уметничката работа на Селмани.

На изложбата во МСУ - Скопје се презентирани избор на дела, во различни медиуми, кои се обидуваат да воспостават нови релации во дадениот контекст, јасно покажувајќи ги начините на кои Селмани духовито користи специфична форма на хумор за да го истражи и преиспита секојдневието, коешто обично се врзува за апсурдни традиции и хиерархиски структури.

Настанот е дел од програмата на презентации и разговори со младите уметници, наградени за „Најуспешен автор и дело“ на минатогодишното 13. Меѓународно биенале на млади уметници во МСУ - Скопје, како и од едукативната програма на Музејот, наменето за студенти од факултетите за уметност и историја на уметност, млади уметници, а отворено е и за пошироката публика.

Дритон Селмани (Урошевац, Косово / 1987) во моментов работи и живее во Приштина и Догановиќ. Магистерските студии ги завршува на Универзитетот за уметност во Бурнемут, Велика Британија. Селмани пристапува кон идејата за перципирана реалност со деконструирање на формации на социјалните, политичките и културните теми што биле отелотворени околу него. Додека бил млад, му велеле да обожува земја која повеќе не постои, што го натерало да заземе еден основен став на скептицизам кон секоја наводно дадена реалност. Подоцна, го користи ова како корисна алатка за реконструкција на неговите верувања во визуелни артефакти. Во 1999 година, старите симулакри се заменуваат со нови; украсите на претходниот простор се обновени и се расплетуваат со нови значења, но и нови неизвесности. Селмани се конфронтира себеси како спектатор на овој „тековен настан“ и се позиционира како актер, изведувајќи ги своите перформанси засновани врз неговите лични истории, верувања и сомнежи. Изложувал на самостојни и групни изложби (во Стационарниот центар за современа уметност Приштина, Музејот „Лудвиг“ во Будимпешта, „Кунстраум Нидеростерајх“ Виена, „Каса Контемпоранеа“ Сао Паоло, Медитеранско Биенале 16 Анкона, У10 Белград, 5-то Биенале во Маракеш, Фестивалот на светлината во Амстердам, „Фабрика дел Вапоре“ Милано, Биеналето во Брегенц, „Ексчиесета“ Полињано-а-Маре, Национална уметничка галерија Тирана, Центар за современа уметност Солун, Еугстер || Белград, Фестивалот на светлината во Норкепинг, Кунстмузеум Базел, како и на 14. Манифеста во Приштина, 2022).


На овој настан ќе биде промовирана и публикацијата за изложбата. Изложбата е поддржана од Министерството за култура на Р.С. Македонија и ќе биде отворена до 25 февруари 2023 година.


Промоци ја на ВЕСНИК ПОЕЗИЈА на Матеј Богдановски


Верувале или не!

П.Ш. во соработка со уметникот М.Б. го материјализира првото издание на колаж поезија во тираж од 100 примероци, со корици во сито печат и фотокопир содржина.

По тој повод Ве покануваме на промоција на ВЕСНИК ПОЕЗИЈА на Матеј Богдановски, на Винил Среда кога ќе интервенираме со колаж од тазе дневни весници врз “отвореното платно” во дворот на Ла Кања.

И плус од карти два нови плакати во сито печат на авторот М.Б. и тоа еден со црна овца, а друг во шест бои!

П.С. Добредојдени се сите да се вклучат во процесот на колажирање преку сецкање, пасирање, лепење, денсање, пијуцкање, џускање или певуцкање.

П.П.С. За музиките ќе се криви Дарко и Дејан.

Од нас толку, а малку повеќе од другарот Матеј Богдановски за тоа зошто, како, што весник поезија!

Весник поезијата се јави како резултата на моето играње со колажот.

Уште пред неколку години во еден друг циклус јас се играв со насловите од весниците, но ограничувајќи се само на еден наслов на кој му ги извртував зборовите и со тоа добиваше поинакво, да речам, апсурдно значење, со кое сакав и да го доловам моето доживување на нашите состојби во општеството.

Со весник поезијата само отидов чекор понатаму, со тоа што "песните" се составени од повеќе наслови, не е битно колку и од кој весник.

Весник поезијата не ја создавам со претходно смислени стихови за кои јас само барам зборови од весници, туку самата инспирација доаѓа моментално со разгледување на насловите и нивно сецкање, Така доаѓам до некој почетен збор или дел од реченица и потоа го надградувам барајќи му соодветни реченици кои ќе дадат некаква поетична смисла.

За правење на песниве ги користам нашиве дневни весници. Не ми е битно кои се. Битно е фонтот да е јасно читлив и затоа ги бирам поголемите наслови. Не може да има недостаток од содржина бидејќи јас и се прилагодувам на содржината која веќе е дадена и со тоа работам. Како што спомнав веќе, тоа е главниот штос кај весник поезијата.

В.П. не е усмерена кон една одредена проблематика во општеството. Но секако би ја нарекол општествено засегната. Тоа доаѓа од една страна и од самата содржина на весниците кои се секогаш актуелни збиднувања и се од разни сегменти на живеењето, економија, политика, спорт, забава,култура…од друга страна, колку и да звучи надреалистична, сепак оваа поезија сакам да го рефлектира општеството на некој начин, Можеби како во некое скршено огледало но сепак одразот е негов.


Изложба на Владимир Георгиевски


Во Музејот на град Скопје на 7 декември (среда) оваа година, во 20 часот ќе биде свечено отворена изложба на дела од еден од најзначајните македонски ликовни уметници - ВЛАДИМИР ГЕОРГИЕВСКИ (1942-2017). Делата на Георгиевски, работени во ликовните техники масло на платно, темпера, пастел, туш, молив во боја и акварел, ќе бидат поставени во целиот галериски простор на Музејот.

Воедно ќе биде промовирана и монографија за неговото творештво во издание на Музеј на град Скопје. (Издавач: Музеј на град Скопје; автор: Емил Алексиев; текст: Емил Алексиев и Никола Пијанманов; 160 стр.; 120 колор илустрации; формат 22х22; тираж 350 примероци од кои 50 со тврди корици, печат: Датапонс, Скопје 2019).

Изложбата се реализира со финансиска поддршка на Град Скопје, во соработка со легатите на уметникот.

Куратор на изложбата е Емил Алексиев.


Чудо на Балканот: ЗЏМ БИГ БЕНД И РАМБО АМАДЕУС


ЗЏМ со нов концерт: несекојдневен настан на кој ќе имате можност да ја сведочите генијалноста на едно од најголемите имиња на Балканот - Рамбо Амадеус, во придружба на нашиот единствен и неповторлив ЗЏМ БИГ БЕНД. Концер