Френк Оушн издаде нова музика: едната 35 минутна „радио емисија“ околу микродозирање, а другата околу кинеската практика на лечење Чигонг: брак помеѓу Западните и Ориенталните - традиционални- пракси на заздравување.

Кога музичар со својот деби албум добива култен статус, со трескавична заљубеност и посветеност од своите фанови, статусот во музиката и културата е загарантиран како што тоа беше случај со Channel Orange на музичарот од Њу Орлеанс, Френк Оушн. Легендата гласи: го заборавил ранецот со лаптопот, на некоја забава во Лос Ангелес, и кога се вратил да го земе, добил шанса да биде слушнат. Жанрот во кој е сместен во тој период (на страна пар обиди за рапување) е R'n'B но талентот за пишување и интимноста која ја распалува, со текстовите, а тој оган го одржува со гласот, со бојата на гласот, начинот на кој го користи, е ретка комбинација, и евоцира чувство на заљубеност, и загуба на таа љубов често во исто време, па не е многу чудно што речиси сите што го слушнаа, останаа за него, да седат во таа состојба.

Од причини кои не ги знаеме до крај - од тогаш до сега, Оушн се повлече, и живее приватен но далеку од тоа дека е некреативен живот.
Сега нема да ја пишуваме неговата кратка биографија, но ќе ви кажеме дека на Apple Music има радио, radio BLONDED, и во секоја епизода, протнува понекоја нова трака.
Изданијата се спорадични и се случува да поминат и по пар години помеѓу две епизоди. И така на десетгодишнината на својот дебитантски албум добивме две епизоди “Blonded Lucy in the Sky With Diamonds.”
и “Blonded Energy!”
Првата е атмосферична, транс, па и амбиентална музика, која е обмотана околу гласот, разговорот со писателот и психолог др.Џејмс Фадиман. Разговорот е околу праксата на микродозирање и психоделици, нешто што е професионална окупација на добриот доктор.