Најстарото македонско списание за литература, култура и уметност, кое постои од 1951 година и е директен наследник на првото македонско списание „Нов ден“ излезе со својот втор број во 2023 година . Во овој број ќе најдете разновидна селекција од современи македонски автори, кои го обогатуваат нашето книжевно наследство со своите таленти и идеи.
Бројот е отворен со раскази од Стефан Марковски, продолжувајќи со прозни
прилози од Емељ Туна, Станка Бајлозова Барламова, Наде Поп-Гаврилова и Иван
Стојановски. Потоа следат поетските творби на: Ристо Маџунков, Димче Шипинкаровски,
Блаже Петревски, Виктор Танасковски, Росана Трајкоска, Александар Михајловиќ и
Лидија Размоска-Тримовска. Во рубриката Интерпретации е застапена анализа од Верица
Мукоска и труд од Елена Станкоска. Во рубриката Вреднувања се застапени рецензии од
Иван Стојановски, Трајче Кацаров, Љубинка Донева, Славчо Ковилоски, Васил
Дрвошанов, Трајче Кацаров и Никола Алтиев. Крајот е отстапен за рубриката Ѕвезди и
протези во која се вклучени прилози од двете млади прозаистки: Светла Јакшиќ и Софија
Тодороска, како и поезија од Александра Стојановиќ.
Ликовните илустрации во вториот број за 2023 год. се дело на академскиот сликар
Драги Хаџи-Николов, а броевите наскоро ќе бидат достапни низ книжарниците и
библиотеките во Скопје.
Comments