top of page

Нов Рембрант во Ријкс музејот во Амстердам




 Најмалите формални портрети направени од Рембрант се изложени во Ријкс музејот во Амстердам откако беа повторно откриени оваа година. - Мали, овални слики на "Јан и Јапген" (богат мајстор и водоинсталатер од Лајден и неговата сопруга), исчезнале во приватна семејна колекција во текот на цели два векови.


Сликите се проценети во вредност од 11.2 милиони фунти или 13 милиони евра, откако објавените опширни и темелни истражувања, беа прифатени како дел од наследството на холандскиот мајстор.


„Тоа е неверојатно! Сосема непознати дела се реткост. Навистина сакавме да можеме да ги покажеме.“ - велат од музејот.


Претставите на Јан Вилемс ван дер Плуим и на Јапген Керлсдр, на висина од 19.9 цм и ширина од 16.5 цм, биле најверојатно нацртани од Рембрант во 1635 година.


Јапген била во посета во Амстердам за крштевка и можеби го посетила Рембрант за да и́ направи портрети, со намера да направи поголеми копии подоцна.

Тие дефинитивно се помали верзии од две големи дела кои не се припишуваат на Рембрант.

Благодарение на "убедливи докази" од различни техники, Ријкс музејот формално го потврди авторството на сликите.

Бикер вели дека стилот, бојата и измените се совпаѓаат со делата на Рембрант.


Фамилијата Ван дер Плуим имала близок однос со фамилијата на Рембрант откако нивниот син Доминикус се оженил со роднина на Рембрант, Корнелија Корнелисдр ван Суетброек, во 1624 година.


Колекционерот Хенри Холтерман ги дал портретите на долгорочна позајмица во Ријкс музејот.


Јан и Јапген ќе ги доведат посетителите поблиску до семејниот круг на Рембрант. Прекрасно е што сликите се доверени на Ријкс музејот, така што милиони луѓе може да уживаат во нив.

bottom of page