Но тоа не значи дека продуктите ќе ги носиме во раце или во ташните. Тоа значи дека е време и можност да се подновиме со хип платнени торби. Обично првата асоцијација се пензионери, но тоа воопшто не е така последниве години. Напротив, во онлајн продавници каде млади дечки (тинејџери и во 20тите) продаваат маички, капчиња, шорцеви, често и персонализирани, платнените торби се во миксот на производи. Тие не ги користат (само) за пазарење јаболка, туку како унисекс варијанта за чанта (ха!)…. Можат да се најдат и на Еtsy, а едноставното пребарување ќе отвори цел универзум на платнени (ликра, плетени, кожни итн.) торби, со најразлични димензии, најразлични дизајни и патерни. И тоа веќе од 500на ден!
top of page
bottom of page
Comments