top of page

Опенхајмер е големиот победник на Златните глобуси

81-вите Златни Глобуси ја отворија сезоната на награди во Холивуд во неделата, на хаотичен и непригоден начин, со водителот, Jo Koy, кој испорача монолог кој беше вистинска катастрофа, a победниците изгледаа дека ја сфаќаат церемонијата наизменично прво премногу сериозно, па потоа воопшто, а наградите отидоа до широк спектар на филмови и телевизиски емисии.


„Oppenheimer", кој влезе во натпреварот со осум номинации, се појави како филмот кој е најголем предизвик да се победи во идната трка за Оскар, освојувајќи пет Златни Глобуси, вклучувајќи за најдобра драма, режија на Christopher Nolan и актерска игра на Cillian Murphy.


„Barbie", „The Holdovers" и "Poor Things" исто така освоија забележителни награди за филм.


Еве ги и другите главни заклучоци:


- Најноминираниот филм, „Barbie", кој доби номинации во девет категории, освои два Глобуси, вклучувајќи еден за најдобро кинематографско и бокс офис достигнување, ново креирана награда. Нејзината друга победа беше за најдобра песна.


- HBO-вата "Succession" беше најголемиот победник во телевизијата, како што се очекуваше. Шоуто собра Глобуси за најдобра драма, актерка (Sarah Snook), актер (Kieran Culkin) и спореден актер (Matthew Macfadyen).



- "Poor Things", надреална научно-фантастична романса, освои најдобар филм, комедија или музикал. Emma Stone, главната ѕвезда на филмот, доби Глобус за најдобра комична актерка, додека Paul Giamatti ("The Holdovers") ја доби статуетката за најдобар комичен актер.


- Lily Gladstone го освои Глобусот за најдобра актерка во драма за нејзината улога во "Killers of the Flower Moon", станувајќи првата жена од домородна етнична припадност, која ја освои наградата.


- Da’Vine Joy Randolph ("The Holdovers") беше почестена како најдобра споредна актерка. Robert Downey Jr. ("Oppenheimer") освои најдобар спореден актер.



-Сериите на Netflix "Beef" и на FX "The Bear" секоја освои по три Златни глобуси. "Beef" беше прогласена за најдобра ограничена серија, а Али Вонг и Стивен Јеун ги освоија Златните глобуси за актерска игра во оваа серија. "The Bear" ја освои статуетката за најдобра комедија, а двајцата ѕвезди, Ајо Едебири и Џереми Ален Вајт, беа почестени за нивните актерски изведби.


Ова беше прв пат што холивудската елита прославува заедно, откако се разрешија двајцата синдикатски штрајкови што ја затворија индустријата за поголем дел од минатата година. Глобусите сами се обидуваа да свртат нова страница со пребродување на скандал со етика, финансии и диверзитет што резултираше со продажба на шоуто, преработка на гласачкото тело и промена на мрежа на CBS од NBC.

Некој заборави да им каже на актерите, што се случи со Hollywood Foreign Press Association. По распуштањето на (контроверзнато) тело коо доделуваше Златни Глобуси во минатото, повеќе од вечерашните победници уште им благодареа на HFPA во своите говори. Да’Вине Џој Рандолф ја започна ноќта со признание на распуштената организација откако победи за "The Holdovers", додека композиторот на "Oppenheimer", Лудвиг Горансон, успеа да им благодари на HFPA подоцна во ноќта. Се чини дека сега правилниот термин е "новинари на Златните Глобуси", откако шоуто го прошири своето гласачко тело на 300 новинари од целиот свет.
Роберт Дауни Џуниор нè потсети на ова уште рано, кога ја прифати неговата награда за "Oppenheimer". "Новинари на Златните Глобуси, ви благодарам што ја променивте вашата игра, и затоа ги променивте вашите имиња - поздрав", рече тој.
Креаторот на "Beef", Ли Сунг Џин, исто така изгледа дека беше известен, благодарејќи на новинарите на Глобусите во својот говор.
Најлесниот пат? Само направете она што го направија Сара Снук од "Succession" и Пол Џамати од "The Holdovers" и неодредено благодарете на Златните Глобуси.

Во последните години, Златните Глобуси станаа познати по говорите за каузи и обраќања на проблеми, поголемиот дел прогресивни. Минатата година, на церемонијата му беше дадено простор на украинскиот претседател, Володимир Зеленски, кој зборуваше за војната на неговата земја со Русија. Овој пат, и водителот и победниците изгледа беа решени да се држат подалеку од политиката, за важни теми како војната меѓу Израел и Хамас кои не беа споменати.


Колку и да се менуваат Глобусите, сепак изгледа дека остануваат исти. Како и во минатото, гласачите ги распределуваа своите гласови на списоци на филмови кои беа обемни. Пет филмови освоија најмалку две статуетки. И, како и во минатото, имаше барем едно изненадување - оваа година во форма на најдобро сценарио, којшто го освои францускиот филм "Anatomy of a Fall", награда која се предвидуваше дека "Barbie" ќе ја земе.




Стани Дивотно

Comentários


Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 после серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот. Ја отвораме вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, и се стремиме да го претставиме ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите(gatekeeper) туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминатната платформа минативе 5 години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко загребуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајки за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател : Ние ги истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графитите, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат цел подобрување на светот. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за се што ја прави човечката култура и уметност така прекрасна и интригантна.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

дива лого
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page