Откако заврши концертот на Dead Can Dance се случи интересна средба

Откако настапија легендарните Dead Can Dance во Скопје на 23 и 24 мај, присутните го коментираат концертот, како да посведочиле некој натприроден и редок настан. Сепак, една анегдота отскокна, објавена на “Таксират фестивал” Фејсбук страницата.


" Неколку месеци посветено ги организиравме концертите на DEAD CAN DANCE во македонската филхармонија на 23 и 24 мај. После првиот концерт го прашуваме Брендан чија идеја беше да се пушта ПРЕМИН од АНАСТАСИЈА пред почетокот на нивните настапи, на што тој одговори дека музиката од ПРЕД ДОЖДОТ му е едно од најомилените изданија од 1994-та до денешен ден. Откако му кажавме дека Горан Трајкоски живее во Скопје, Брендан побара да се сретнат во живо. Дајте ми само 15-тина минути после настапот да се средам и сакам да се дружам со Горан. Наравоучение: големите се почитуваат...затоа и се големи!!! "



За што разговарале, останува допрва да дознаеме..


Еве дел од концертот во Македонска филхармонија