top of page

Пешкирот-фустан на Doja Cat кој го носеше на Мет галата, рекреиран од Икеа




Високата мода на Doja Cat од Мет галата доби дополнително внимание од обожавател кој не го очекувавме: ИКЕА. 



Добитничката на Греми беше фотографирана како си оди од  The Mark Hotel во Њујорк во понеделникот вечерта, облечена во два пешкири - еден како фустан а другиот поставен на главата - пред да се качи на иконичните скали на Мет.




Комбинацијата предизвика чешкања по глава од чудење, од критичарите кои гледаа од дома на нивните каучи, а некои од нив го нарекоа изгледот „Икеа пешкир“ што го инспирираше шведскиот џин за мебел да даде своја интерпретација на ансамблот на Доџа Кет со нивни сопствени продукти, кои веројатно чинат далеку помалку од памучната висока мода на Доџа. 



 „Дали се го сретнале (Met- MET - игра на зборови) нашиот најнов додаток во нашиот каталог. Ви го претставуваме  DÖJA пешкир-фустанот“ - напиша Икеа UK на Инстаграм како објаснување на вртелешка од фотографии на кој е манекенка која парадира во Икеа продавница облечена, или соблечена - како пејачката на Demons. 


На ТикТок, британскиот огранок постираше хумористично видео од манекенката, која позира во Икеа одделот за купатило додека ги јаде популарните Икеа ќофтиња. 

 




 „POV(point of view, гледна точка): Треба да одиш на Мет Гала во 5 попладне, и вечера со ќофтиња во 6“ - напиша брендот во клипот. 


Инстаграмџиите побрзаа да ги пофалат Икеа и досетката нарекувајќи ги „брилијантни“ и „генијални“ 

 

„Зголемете му ја платата на маркетинг тимот“ - аплаудираше еден корисник. 

„Маркетинг тимот работи БРЗО“ - рече друг .


„Се кладам и доста поевтина е“ рече трет. (The FREDRIKSJÖN крпата е само  $14.99  на Икеа сајтот. Crown Affair’s The Towel, која ја носеше ѕвездата е $50 во Sephora.)


“IKEA ја канализираат нивната внатрешна @dojacat,” - се шегуваше некој. 


 


Comentarios


bottom of page