top of page

Пилотот Дива појачало

Updated: Apr 17, 2023

Првото Дива појачало ќе го отвориме со следната листа:


  1. Доуп куќата со Пики, излегоа со „Сник дис сајфер"


Не знам каде го видоа сникот во дисот, кога помалку невоздржани и поотворени не можеа да бидат - „кажи ми што навистина мислиш“ е иронична фраза измислена за овој тип на отвореност:



Ако сакате дезерт „Сајфер“ ;




2. Ice Spice feat Nicki Minaj: Princess Diana


"oh you thought I was feeling you? That ninja a munch" е ТикТок класика, која се рашири по сите можни платформи... Ајс Спајс е раперка од Бронкс, со препознатлива црвена кадрава коса, поради која стана податна како предмет за мемеизирање, заедно со виралните стихови. Додадете и драма со Дрејк, и цурата не може да не успее во овој момент. (Тој ја опеа во Her Loss: “She a 10 tryna rap, it’s good on mute,” („Таа е десетка што пробуе да рапува, добро е на мјут“ ) ... Дали ја тролал затоа што го одбила, е прашање на дебата, но ги објаснува следните мемиња:


Ајс Спајс


Индикација дека сепак се́ е ОК на релација Дрејк-Ајс Спајс е следнава колаборација:


Like, grrah, keep it a stack

Bitches move wock' 'cause they know I got bands (Damn)

They be chattin', I don't give a damn

And I'm still gettin' money, I know who I am (Grrah)


3. Алескандар Велики: Големи нешта


Ете го Гачо, басистот во ПМГ колектив, Диџеј, Бијонсе во Александар Велики, повторно пее за големи нешта. Дури и семплот што го користи е од Something Big на Burt Bacharach. Хммм.... Во розе пижамки: па-па-па-ра-па - големи сништа, големи нешта




4. Lola Brooke: Don't play with it

Раперката од Бруклин, но не оној гентрифициран, хипстерски Бруклин, туку оној стариот(Синдромот на „Старо Скопје“ е универзален се чини). Не само во каденцата, и ставот и флоуот, туку и во самите стихови имплицира


„ My hitters don't play with it, don't play with it, don't play with it (Grr)

They stay with it (Bah)

I'm okay with it (Yeah)

(It's Billy) Whеn it comes to me they don't play with it“.


Њујорк Тајмс ја нарече „раперката која ја врати грубоста во женскиот рап“(наспроти музика за убави цури која е толку популарна што се претвори во жанр). Откако дебитираше со „Не си играј со тоа“ на ремиксот и пројдоа и Јанг Мајами од Сити Грлс, и Лато - кои со тоа ја примија во сестринството на женскиот рап. Или накратко: успеа цурата. И таа. Учете дечки и девојки, учете...





5.Lil Nas X feat Saucy Santana : Down Souf Hoes


Рапот започна - и тераше долго време - како исклучително мизогин и хомофобичен жанр. Но жени во рапот не беа нешто што беше невидено, иако ретко. Но геј рапери, отворено геј, тоа е дури и денес нова територија. Лил Нас Екс е само спорадично рапер, повеќе е поп ѕвезда, но Соси Сантана влегува низ вратата која Нас Екс му ја подотвори. Нема официјален сингл, се́ уште, но на Лолапалуза фестивалот (а подоцна и на Инстаграм) - ја промовираа „Down Souf Hoes“(Курви од доле јужно.)





6. Скопјанка 23 е свежа како никогаш да не била. Како никогаш да не била ниту во раните 2000ти, ниту Дона Самер. Сировата неуморна амбиција на Мирко Попов, веројатно и оптимизам - инаку таа енергија не би можела да опстои без него - ја држи музиката која ја носи од нови агли свежа, актуелна и релеватна. Стварно го мислиме тоа. Затоа често сакаме да збориме за него. Тролањето во кое се затекна како резултат на дневно-политички препичавања многу лесно можеше да орони креативец со помалку упорност од него, па пробуваме да го заглушиме.

Тролањето, не Мирко :)


А и многу лесно е да се работи со професионалец.


Башка, легендарно:





7. Malik Da ни́ е помалку мистерија. Живее во Берлин.

Кога прави хард рок е Sonix.

Ги истражува своите нудистички тенденции скроз неоптоварено и отворено...


Се дружи со Да Џака Накот, скока со падобран, и вози точак. Затоа изгледа добро во својата голотија и е комотен во нејзе.

За да не се издадеме сосема, ќе се запреме со своите мисли за голотијата на Малик Да, и ќе го истражиме како музичар како што му следува: во простор само за него во некоја идна прилика. Сега ѕирнете му во берлинската соба. Вели дека врне.




8.Бјорк: Вечерва настапува на Коачела, а после нејзе е Френк Оушн.

Бјорк издаде нов албум минатиот октомври, Fossora, и еве ја истоимената нумера :



А еве како се одвива Коачела до сега:



Стани Дивотно

Comments


Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

дива лого
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page