Подкаст кој заврши со десетминутно извинување: Ye по втор пат на Drink Champs


Је минативе недели беше тргнат од Инстаграм по што Илон Маск му понуди добредојде на Твитер. Издржа таму околу 24 часа. Овој пат се закачи со Евреите. Тогаш се појави на конзервативната Фокс Њуз за едночасовно интервју со Такер Карлсон и конечно заклучи со три часа на Drink Champs (Шампиони по пиење ) каде што со својот настап(носеше капче 2024 како најава на кандидатура за претседател во таа година ) содржината поради која што беше прогонет од социјалните мрежи изгледа како чај од камилица. N.O.R.E. следниот ден мораше да се извинува на The breakfast club а семејството на Џорџ Флојд најави тужба.