Каи Таникава Оуглсби за нејзиниот однос со дедо ѝ поетот, разговор и поема
- Ана Чушкова / Ana Cuskova
- Aug 23, 2022
- 1 min read
Updated: Dec 26, 2022
Шунтаро Таникава, во медиумите опишуван како „најголемиот жив јапонски поет“ во нивното известување за „Струшките вечери на поезијата“ (годинава Таникава го зема „Златниот венец“ ) изгледа како вирусна фраза, но навистина и не е невистинита.

Каи во подкаст лектирата зборува за нејзиниот однос и впечаток за Шунтаро Таникава, познатиот поет, најголемиот жив јапонски поет, и во исто време дедо кој го доживува како да е отуѓен иако живеат во иста куќа.
Таа го чита меѓусебниот разговор, а го завршува подкастот, кој е прилог за јапонската едиција на Dizzy magazine со читање на поема посветена на нејзе, од самиот Шунтаро на јапонски, таа ја чита на англиски, а ние ви ја нудиме на - македонски.

Comments