Подкаст лектира: It's a Pixie Podcast со нова епизода како најава за новиот албум Doggerel

"Замислете дека сте член на рок бенд. Бенд толку влијателен што вашата работа создаде сосема нов жанр. Жанр кој ја дефинираше современата музика за цела генерација слушатели. Потоа, замислете дека и покрај извонредните критики и популарни признанија, вашиот бенд се распадна. Замислете дека исчезнувањето на вашиот бенд всушност ја зголеми неговата легендарност и влијание до тој степен што популарната побарувачка ве принуди да се обедините. И по 13 години пауза, вашиот бенд стана попопуларен од кога било досега. Сега замислете, 14 години по враќањето на сцената, повторно сте во студио и снимате нов албум, за да го надградите вашето наследство и да го заземете вашето место во првите редови на жанрот што го создадовте. Замислете - вие сте член - на Pixies.„ - ова беше трејлерот во 2019 на подкастот на Pixies кои издадоа подкаст серија It's a Pixie Podcast со кој го документираа снимањето на тогашниот албум Beneath the Eyrie. Тогаш го најавата беше „Подкаст серијата од 12 продолжетоци, водена и раскажана од бестселер авторот на Њујорк Тајмс, Тони Флечер.

Its a Pixies Podcast“ го документира создавањето на нивниот нов албум „Beneath the Eyrie“ во студијата на Дримленд во близина на Вудсток,а Тони Флечер ја открива нивната приказна. Преку секојдневни разговори и форензичко испитување на нивното минато, Тони открива дека нивната креативна амбиција и нагон остануваат релевантни - и чудни - како и секогаш.


Серијата е достапна на сите подкаст платформи на глобално ниво, вклучувајќи ги: Apple, Spotify, Deezer и Stitcher.“


Еве како изгледаше првата епизода



Сега како излегоа со нов сингл There's a Moon On тоа го направија напоредно со подкаст епизода.