top of page

Потрагата по подморницата Титан продолжува

Звуците што се слушаат под брановите на Северниот Атлантик во вторникот и средата станаа фокус на потрагата, по петте лица во подморницата која исчезна викендов, за време на туристичкото нуркање до остатоците на бродот Титаник.


Капетанот Џејми Фредерик од крајбрежната стража на Соединетите држави рече дека возилата кои се ракуваат далечински го бараат изворот на звуците, а тим на експерти ги испитува звуците за да утврди дали тие се од исчезнатиот брод. Но, досега, рече тој, таа анализа е „без заклучок“.


Повеќе спасувачки бродови пристигнаа да ја пребаруваат огромната област - приближно двојно поголема од Конектикат и длабока повеќе од 5 километри - каде што тимови од меѓународни експерти спроведува обемна потрага по подморницата наречена Титан. 22-метарската подморница изгуби контакт во неделата за време на два и пол часовно патување до потонатиот брод Титаник.


Капетанот Фредерик повтори дека мисијата и понатаму има статус на операција за пребарување и спасување, иако официјалните лица рекоа дека работат под претпоставка дека подморницата ќе остане без кислород некаде во четврток наутро. „Треба да имаме надеж“, рече тој. Еве поглед како изгледа оваа подморница од внатре - изгледа како метален тунел, а нема ниту седишта.





Списанието „Ролинг Стоун“ објави дека канадски авион за пребарување открил „звуци на тропање“ во интервали од 30 минути во областа за пребарување. Извештајот заснован на внатрешните комуникации од Министерството за домашна безбедност на САД не може да биде независно потврден.


Еден од бродовите што е упатен кон областа за пребарување носи со себе француски управуван робот способен да оперира на длабочината каде што се наоѓа Титаник. Бродот се очекува да стигне до местото на настанот некаде после полноќ во четврток.Уште осум бродови се упатени на местото каде што подморницата е забележана последен пат.





Лидерите во индустријата за потопни корави со години предупредуваа на можни „катастрофални“ проблеми со дизајнот на овој тип возила. Тие, исто така, се загрижени дека OceanGate Expeditions, сопственикот на Титан, не ги следел стандардните процедури за сертификација.


Стоктон Раш, главниот извршен директор на OceanGate, управувал со потопната машина, според компанијата. Останатите четворица патници се Хамиш Хардинг, британски бизнисмен и истражувач; британско-пакистански бизнисмен Шахзада Давуд и неговиот син тинејџер Сулеман; и Пол-Анри Наргеолет, француски поморски експерт кој бил на повеќе од 35 нуркања до местото на потонатиот брод Титаник.


bottom of page