top of page

Поткаст лектира: Радио Милева

Засега е многу рано да се рецензира поткастот, но форматот на три жени кои поради пријателството и врските кои ја поставуваат сцената, и дозволуваат разговорот да тече непречено, жени кои имаат ставови за сите теми кои им паѓаат во скут и ги ,,,пеглаат ( морав! ) со хумор и разборитост, значи оваа културна тропа во поткаст па и тв форматите, е веќе востановена како равенка која едноставно функционира, конечно ја имаме и на македонски.

Ирена Цветковиќ, Јана Јакимовска, и Румена Бужаровска , освен пријателството, ги врзува феминизмот, авторството/уметноста, активизмот, а што ќе ги разврзува останува да видиме ( подетално претставување навистина не им треба, што е секако комплимент). Па - топката е во нивен терен, ние навиваме!





bottom of page