top of page

Расел Бренд се покрсти во Темза

Расел Бренд беше крстен во реката Темза во неделата, како знак дека го прифаќа христијанството, откако низа обвинувања за силување излегоа на површина како и за сексуално насилство и емоционално малтретирање.

Во видео снимка објавена на Инстаграм во понеделник, Бренд рече дека го нашол својот „пат“ и дека се чувствува „неверојатно благословен“ и „нахранет“ следејќи го крштението.

Бренд, на 48 години, е обвинет за силување, сексуално насилство и емоционално малтретирање од страна на четири жени во заедничка истрага направена од The Times, The Sunday Times и Channel 4’s Dispatches.



Бренд ги отфрлил обвинувањата.


Иако Бренд директно не се осврна на обвинувањата во видеото, тој ги спомна „предизвиците“ со кои се соочува. Крштевката, додаде тој, му дало чувство дека „некаков нов ресурс“ бил „вклучен“.

Тој рече дека претходно посетил различни цркви и размислувал за крштението, приклучувајќи се кон растечката група на културни и политички коментатори кои се конвертираат или враќаат кон христијанството.

Бренд изјави: „Вчера бев крстен и тоа беше неверојатно и длабоко искуство и многумина од вас имале свои искуства со крштението и затоа ќе знаете за што зборувам.

„Нешто се случи во процесот на крштевањето што беше неверојатно, надмоќно, буквално надмоќно бидејќи очигледно бев под вода и беше во реката Темза.“



Бренд, кој претходно беше будист, изјави дека го видел покрстуваето како можност „да умре и да се роди повторно“. Тој неодамна му рече на Такер Карлсон, поранешниот водител на Fox News, дека обвинувањата за сексуално насилство „многу, многу го повредиле“.

Неговото приближување кон Христијанството изгледа дека започнало неколку месеци откако обвинувањата за сексуално насилство се појавиле минатата година. Од декември, Бренд сѐ почесто објавува слики и видеа на социјалните мрежи дискутирајќи за неговата врска со христијанството.

Објавувајќи ја својата намера за крштение минатата недела, тој рече: „Како што стои во Галатите: дека можеш да живееш како просветлен и разбуден човек.“

Минатата недела Бренд објави видео снимка на Twitter/X во која рече дека редовно се моли со розарија, која се однесува на збирка молитви кои се користат примарно во Католичката Црква и со бројаница се кажуваат составните молитви.

Во последните години, Бренд достигна милиони гледачи дневно со теми од сферата на теориите на заговор за Covid, слободата на говор и војната во Украина.

Метрополитенската полиција двапати го интервјуирала Бренд под предупредување во врска со „неодамнешни“ сексуални престапи за кои се мислеше дека не се поврзани со првично пријавените злосторства.

BBC, кој го вработи Бренд како радио-водител, исто така истражува пет пријави поврзани со неговото однесување. Минатиот месец истрага на Channel 4 најде „нема докази“ дека менаџерите биле свесни за обвинувањата против Бренд.



Стани Дивотно

Comments


Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

дива лого
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page