top of page

Резолуции и рутини

До каде сум со диетата што ја почнав во декември? Почнав по план, почнав дури и позитивни коментари да добивам, и отидов во викендичка на село. Таму ручав и доручкував сосема по план. Но, залихата на печени бадеми и бисквитите што сестра ми си ги купи за два месеци...отидоа после четири дена.


На диеталниот тост со парченце кашкавал му додадов две лажици руска салата!

Од залихата за коледарчињата, остана само...половина горчлив орев.

Ете до каде е диетата..




Инаку работите се одвиваат добро, а и да не е така каква разлика би правело јас во тренерките, изолирана дома под бранот на суперзаразниот омикрон? И тука лежи цаката зошто веројатно многу резолуции не успеваат. За да се исплати трудот, треба да стои нешто што ќе мами на другата страна од тунелот, или мостот...


Многу често, „исплатата„ е кажана од доктор: доколку не престанеш да пушиш/не отидеш на диета/не почнеш да вежбаш, и да преживееш, нема да биде живот кој ќе биде пријатно да се истера. Луѓето најчесто се токму таму каде што сакаат да бидат. Некогаш позицијата која изгледа дека е крајно непријатна и опасна е единственото место кое го знаеме, и кое сме научиле дека е дома. За да се преселиме во нова куќа со сјајни подови, прекрасни погледи, фини и културни комшии треба да ја напуштиме шупата. На прва изгледа дека е многу лесно и едноставно:


Само престани да пушиш.

Само немој да јадеш.

Само 15 минути дневно..

Но тоа подразбира дека треба да ја напуштиме позицијата на комфор.

Често немаме енергија во себе да го направиме тоа. Според некои метрики кои не ни се сосема јасни, ама им веруваме, за некое однесување да нѝ стане навика, потребен е 21 ден. Потоа станува наша втора природа, рутина.

Прашањето останува, не како да го правиме она што сакаме да го направиме што во најголем дел го знаеме, туку прашањето е како да се убедиме дека тоа е нешто што сакаме да го правиме.

Затоа потребно е малку креативност во менување на перспективата. Еден битен чекор е - одважност и храброст да сакаме и да посегнеме по живот кој можеби мислиме дека е недофатлив за нас? Во таа клопка се фаќаме многу често.. „Не е реалистично...„

А единствената задача која ја имаме во осмислувањето на нашите животи е да го исполниме целиот наш потенцијал во работите кои ги сакаме и кон кои тежнееме. Или, да се убедиме: тело од типот на оние што ги гледам, напола со завист напола со воодушевање, се сосема возможни за мене. Животот кој може да го придружи - го заслужувам и може да се справам со него.

Работите кои ги нуди светот - ми се достапни. Ќе почнеме да веруваме дека подобариот живот нема да го расипеме, дека нема да нè преплави и натежне...Диетата ќе почне да делува...

Comments


Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 после серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот. Ја отвораме вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, и се стремиме да го претставиме ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите(gatekeeper) туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминатната платформа минативе 5 години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко загребуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајки за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател : Ние ги истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графитите, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат цел подобрување на светот. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за се што ја прави човечката култура и уметност така прекрасна и интригантна.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

дива лого
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page