top of page

Розе кадилак 25 години и 1000 епизоди подоцна


Оние кои се многу млади да се сеќаваат на почетоците и златното доба во 90тите години на 103ка може само да насетуваат зошто се зборува со толку носталгија за ”независното радио во темните ходници на МРТВ”. Тоа беше единствениот медиум на македонски каде урбаната култура не само што се одржуваше туку и цветаше. Розе кадилак не беше само “топ листа” туку релевантна содржина која ги информираше и рафинираше вкусовите на неколку генерации (од тинејџери па нагоре) а коментарите на “розе-шоферите” даваа контекст и неретко комична оддишка со бистри опаски.





Розе кадилак не само што беше релевантен, туку и кул - во својата оставштина го имаат урбаниот македонски менталитет во голема мера со сите свои предности и мани.

Тоа што се оддржа во сите премрежија, и со губењето на студиото на 103ка, воглавно со ентузијазам е еднакво на чудо.


Овој пат нѝ даваат целодневен настан со матине за дружење со екипата која го составува Розе кадилак во 12 попладне на платото, а во 21 часот во кино Фросина настапи на VOLTAIRE MANI AL HAKIM и EVA BRAUN.




Comments


bottom of page