Се отвори East Gate Mall..

Со многу помпа и фанфари во предвечерјето на локалните избори (што сте вие!) се отвори East Gate Mall. Можеме да замислиме дела изгледа чудовишно, само по критериумот на големината. Целиот државнички врв го посети отварањето што е неверојатно само по себе и нѐ потсетува дека Македонија сѐ уште се перцепира себе си како паланка - а ја има слободата да излезе од тоа убедување. Паланка - состојба на умот. Иако изгледа дека сме на страната на оние кои жалат по саемот (жалиме), сепак баш како аргумент против провинцијализмот треба да ги имаме овие опции, но не по секоја цена…


Разгорување на треската на конзумеризмот е перверзно во оптшество каде просечната плата е дупло помала од минималната европска. Можеби таа треска се “фаќа” поради таканаречениот “кармин ефект” (lipstick effect) - кога општествата се во економски стрес, жените купуваат кармини повеќе од обично. Зошто? Затоа што немаат можност за повеќе, па сакаат да се чувствуваат нормално, како сѐ да е во ред..