Синот на Ник Кејв - Џетро, почина на 30 години

Ник Кејв излезе со кратко соопштение “Со голема тага можам да потврдам дека мојот син, Џетро, почина. Ќе бидеме благодарни за приватноста на семејството во овие моменти”


Ова е втор син кој Ник Кејв го изгуби. Првиот беше Артур кој почина во незгода на 15 години. За процесот на тагување и чувството на вина затоа што се чинеше дека ги предвидел или предизвикал случувањата со албумот и стиховите кој го снимал во тоа време, сними документарец, One more time with feeling ( Уште еднаш, со чувство).


Артур Кејв, почина на 15 години во несреќа откако паднал од ѕид

Џетро беше модел и актер, најпопуларен во неговиот настап во My little princess.