top of page

Сите девојчици одат на Греми 2024 година

Греми се за девојчиците годинава

Џанел Моне е номинирана за Албум на годината


Импресивен број жени се номинирани за врвните музички почести, а сега и многу од нив ќе излезат на сцената со настапи. Момците настапуваат и со девојки — Бренди му се придружува на Burna Boy заедно со 21 Savage, додека Трејси Чепмен  нејзината песна „Fast Car“ ќе ја преиначи во дует со Лук Комбс. Големата дама - девојчица Џони Мичел ќе се качи на сцената за прв пат во историјата на Греми.


Aphex Twin номиниран за најдобра денс/електро снимка со Blackbox Life Recorder




SZA,Били Ајлиш,Дуа Липа, и Оливија Родриго исто така треба да настапат - како и Били Џоел, почесна девојчица откако Родриго го постави во нејзината песна Deja Vu“ од 2021 година.Variety исто така објави дека Мајли Сајрус вежбала да ја изведе „Flowers“, што можеби требаше да биде изненадување со оглед на тоа што таа допрва треба официјално да биде објавена како изведувач.

Во меѓу време,SZA, Фиби Бриџерс и Викторија Моне се некои од врвот на почесетените на вечерта - да не ја спомнуваме Тејлор Свифт, која сака да постави некои рекорди со Midnight.

 Ова ќе се случува на 4 февруари во Crypto.com Арената во Лос Анџелес(кај нас веќе ќе биде 5-ти рано наутро). Подолу е сè што треба да знаете пред да ги викнете цурите да гледаат.


СНИМКА НА ГОДИНАТА
“Worship,” Jon Batiste
“Not Strong Enough,” boygenius
“Flowers,” Miley Cyrus
“What Was I Made For?,” Billie Eilish
“On My Mama,” Victoria Monét
“Vampire,” Olivia Rodrigo
“Anti-Hero,” Taylor Swift
“Kill Bill,” SZA


Па кои се номинираните цури?

SZA води во групата на номинирани за Греми со девет номинации за нејзиниот втор албум,SOS, вклучително и во најдобрите категории на албум, снимка и песна на годината(Снимка(Record Of The Year) се занимава со специфично снимка на песна и ги препознава уметниците, продуцентите и инженерите кои придонесуваат за тоа снимање, додека песна( Song Of The Year)се занимава со композицијата на песната и ги препознава текстописците кои ја напишале песната.)

 Бриџери и Моне се веднаш зад неа со седум поединечни, а потоа следуваат останатите Boygenius,Џек Антоноф, Батист, Бренди Кларк,Мајли Сајрус, Ајлиш,Родриго, и една мала дама по име Тејлор Свифт, сите со по шест номинации. 

Жените се покажаа како силна конкуренција кога беа објавени номинираните на 10 ноември, со женски изведувачи на седум од осум места за албум, плоча и песна на годината. SZA има шанса да си собере сериозна количина метал, Свифт може да постави рекорд за победи на албум на годината - или Батист би можел повторно да не́ изненади сите  откако беше темниот коњ во 2022 и главното изненадување. Немојте да мислите дека е невозможно да се случи.


АЛБУМ НА ГОДИНАТА
World Music Radio, Jon Batiste
the record, boygenius
Endless Summer Vacation, Miley Cyrus
Did You Know That There’s a Tunnel Under Ocean Blvd, Lana Del Rey
The Age of Pleasure, Janelle Monáe
GUTS, Olivia Rodrigo
Midnights, Taylor Swift
SOS, SZA


А кој настапува?

Дури и на Burna Boy ќе му се придружи една девојка, кога Бренди ќе излезе на сцената за прв пат во пар децении заедно со него и 21 Savage за првиот настап на Afrobeats на Греми. Трејси Чепмен ќе се појави што е уште поголем раритет, за да докаже дека навистина ѝ се допаѓа преработката на Комбс „Fast Car“, пеејќи го нејзиниот хит со него. Тие се само две легенди кои се официјално закажани, заедно со Џони Мичел (за прв пат досега),Џоел (за прв пат по децении), и U2 (во живо во Лас Вегас). СЗА, Родриго, Ајлиш и Липа се исто така меѓу жените кои настапуваат - и некои од најмногу номинирани на вечерта.  

Тревис Скот исто така ќе настапи.

Боже господе, па тогаш ќе мора да имаат неверојатна жена домаќин, нели?

Не - повторно е Тревор Ноа. Комичарот е домаќин на Греми четврта година по ред, објави Академијата на 13 декември. Барем ова шоу може да си го задржи домаќинот. Ноа, исто така, е  номиниран  за најдобар албум за комедија Ви посакувам.

НАЈДОБРА ДЕНС/ЕЛЕКТРО СНИМКА
“Blackbox Life Recorder 21F,” Aphex Twin
“Loading,” James Blake
“Higher Than Ever Before,” Disclosure
“Strong,” Romy & Fred again..
“Rumble,” Skrillex, Fred again.. & Flowdan


Дали има некои новини?

Доста, всушност. Најистакнато, бројот на номинирани во категориите „Големата четворка“ (Албум, плоча и песна на годината, плус најдобар нов изведувач) се намалува од десет на осум. 

Академијата ги зголеми номинираните во тие категории на десет пред само две години, поради загриженоста за диверзитетот; имаше осум номинирани од наградите во 2019 година. Исто така, некласичен продуцент на годината и текстописец на годината ќе се префрлат во општата категорија, каде што сите членови на Академијата можат да гласаат за тие награди. Греми оваа година додаваат три награди: Најдобра африканска музичка изведба, најдобра поп-танцова снимка и најдобар алтернативен џез албум. О, и барем нема да мора да се грижите за вештачката интелигенција - Академијата додаде правило против придонесите на вештачката интелигенција на пријавите.


НАЈДОБАР РОК НАСТАП
“Sculptures of Anything Goes,” Arctic Monkeys
“More Than a Love Song,” Black Pumas
“Not Strong Enough,” boygenius
“Rescued,” Foo Fighters
“Lux Æterna,” Metallica


bottom of page