top of page

„Сите најубави нешта“: Интимно театарско искуство со Игор Ангелов



Монодрамата „Сите најубави нешта“, работена според мотиви на Данкан МекМилан, во режија на Дејан Пројковски, а во изведба на популарниот македонски актер Игор Ангелов, е вистинско освежување на театарската сцена. Оваа претстава, која се занимава со темата на менталното здравје, детството и животните механизми за справување со тешки ситуации,навестува катарзично искуство но и Игор Ангелов:

„Се работи за посебно интимно театарско искуство во кое публиката добива задачи и е активно вклучена од моментот на влегување во просторот за изведба. За време на „Сите најубави нешта” гледачите се смеат и плачат, непријатно им е и се збунети, се радуваат и препознаваат и се поттикнати да размислуваат за значењето на среќата и животот. Од претставата излегувате со чувство на благодарност и олеснување. Вистинска катарза“

Игор Ангелов, харизматичниот актер кој го гледаме на телевизија, овојпат ни се претставува во една поинаква светлина. Под режисерската палка на Дејан Пројковски, тој ја оживува оваа приказна со искреност и емоција, допирајќи ја публиката директно во срцето.

Она што ја прави оваа монодрама посебна е интеракцијата со публиката. Од моментот кога ќе влезете во салата, вие станувате дел од приказната. Добивате задачи, активно учествувате и се чувствувате како да сте дел од едно големо семејство кое дели заеднички искуства.



Монодрамата „Сите најубави нешта“ веќе има освоено признание. На 25. јубилејното издание на Интернационалниот фестивал на монодрама во Битола (21-25 мај 2024), претставата ја доби првата награда од публиката. Ова е доказ за нејзината емоционална сила и способност да ги допре срцата на гледачите.


  • Текст: според мотиви на Данкан МекМилан

  • Режија: Дејан Пројковски

  • Изведба: Игор Ангелов


  • 17 февруари (понеделник) | 20:00 часот

  • 23 февруари (недела) | 20:00 часот


Стани Дивотно

Comments


Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

дива лого
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page