Вчера во МСУ беше отворен јубилејниот десетти “Скопје прајд викенд” на почеток на јуни, глобалниот прајд месец со тема Екстатични тела: архива на перформативни квир тела во Македонија.
Славчо Димитров во улога на куратор на настанот (годинешново издание ќе заклучи со настани во септември) објаснува: “Истражувањата на отелотворениот живот, субјективитетот и моќта во рамки на феминистичките и квир уметнички, теориски и политички практики претставуваат недвосмислена критика на историското, маскулинистичко и хетеронормативно обезвреднување на корпореалниот и афективниот живот, а којшто во историјата на уметноста, политиката и филозофијата е отфрлен како пречка и ограничување на Разумниот човек (маж) (Lloyd, Jones), како пасивна, ирационална и потисната материјална реалност асоцирана со стереотипизирачките слики и репрезентации за жените, квир луѓето и расните и културните малцинства, поставена во хиерархизирана бинарна рамка и опозиција со машкиот ум, разумот, когнитивните апстрактни капацитети, безинтересната естетичка дистанца, културата, технологијата и симболичкиот живот на западниот, цивилизиран субјект.
Дополнително, оваа хегемониска западна и маскулинистичка епистемолошка и политичка рамка се потпира на претпоставката за телото како изолирана, омеѓена, ограничена, индивидуализирана, природно фиксирана и трансисториска, контролирана од умот и рационално дисциплинирана материјалност, наспроти која
стои авторефлексивната автономна свест и волја како извор на идентитетот, којшто останува непроменет низ изведбените телесни акти и им претходи. “
Вечерва (петок), ќе настапат Џули Толентино и Стош Фила со перформанс-инсталација .bury.me.fiercly.
Настанот е во соработка со Ивана Драгшиќ, Јован Јосифовски, Александар Георгиев, и Јован Гаковски.
Comments