top of page

Тениски стил, Вимблдон едиција

Ако поминавте барем малку време во All England Club за време на Вимблдон (а повеќето од нас ја немаа таа прилика ) ќе приметевте дека многу од поситетелите беа облечени во она што може да биде опишано како почетнички комплети: многу од мажите носеа кошули и шорцеви, додека жените носеа летни фустани или сукњи.


Но почетничкиот комплет како што сугерира името е само пословичен почетнички комплет. Некои во публиката носеа блејзери или троделни костуми. Некои ги користеа џемперите како аксесоар: ги наметнуваа преку рамениците или ги врзуваа околу половината.


Вимблдон е познат по тоа што бара од спортистите да носат бело. Многумина во публиката носеа барем еден бел елемент во аутфитот, а најчесто тоа беа патиките. И немаше да биде британски тениски турнир доколку немаше многу елегантни шапки.


Карлицата Елизабета II не беше единствената во Велика Британија што можеше да носи марама

Тениското бело не беше клучен елемент само на тениското игралиште

Сцената на редицата на луѓе кои чекаа во надеж дека ќе најдат карти беше исто толку интересна како луѓето кои беа внатре

Овој пар заслужи поздрав за комбинацијата со бои

Бакет капите изгледаат супер на било која возраст и од било кој агол

Личен стил е да носиш блејзер како наметка, или незакопчани ракави од кошулата за екстра поени за опуштеност

Монохроматски аутфити се нагласени уште повеќе со многу додатоци

Тешко дека ќе најдете толку елегантни одела на US open

...а неговиот кежуал микс на одевни елементи беше подеднакво добар.

Со сакото префрлено преку рамото оддаваше ноншалантност. Судејќи по насмевката, беше свесен за тоа.

Овој пар не беше елегантен само поради балетанките со точки, и кадифените чевли со реси

Затоа што стоеја еден до друг, им беше истакната формата на шапките

Да си ги покажеш тетоважите е еден од начините да отскокнуваш во дотерана толпа

Кога мораш да носиш униформа, деталите ја прават уникатна

Елегантна комбинација на пруги и клот достојна е за на модна ревија.

Со џигерица и блејзер со штрафти, изгледаше како да излегол од „Училиште на Рок“

Ралф Лорен ја почнал кариерата со дизајнирање вратоврски, и судејќи по дизајнот кој неговиот бренд го направи за Вимблдон оваа година - дека не ја заборавил таа вештина.

Во морето на бели и зелени облеки, црвениот фустан беше добредојдена појава.

Тие изгледаа многу шарманто во координацијата со жолто на фустаните, и исти ташни.

Кошула која потсетува на нугат.

Помеѓу нејзините костенасти локни и неговата руса коса и црвена брада понудија доста инспирација за фризури...

Да моравте да бирате кој би бил вашиот избор?

Се надеваме шампањот беше подеднакво добар како и фустанот...

Commentaires


bottom of page