Тик ток ја носи Генерацијата Z на Канскиот филмски фестивал

Кога TikTok се здоби со популарност како апликација за вирални видеа кајшто деца играат, никој не можеше да предвиди дека ќе има амбиција да ”посегне” по некои од највисоките уметнички форми.

Тилда Свиндон и Тимоти Шаламej на црвениот тепих во Кан 2021

Денес, Канскиот филмски фестивал (кој некогаш ги забрануваше селфи фотографиите на црвениот килим) го објави своето ново партнерство кое ветува дека ќе го поврзе културниот настан со една милијарда корисници на дигиталната платформа ширум светот. Тоа партнерство ќе го создаде глобалниот натпревар #TikTokShortFilm, со што апликацијата во сопственост на Byte Dance ќе биде официјално истакната.Апликациите на видеата мора да бидат долги помеѓу 30 секунди и три минути, што значи дека креаторите на содржини нема да смеат да ја користат новата максимална должина на видеото од апликацијата од десет минути за да ги направат своите филмови. Предводено од неименуван добро познат режисер, жирито ќе избере три победнички TikTok-ови во три категории: Гран при, најдобро сценарио и најдобра монтажа. Директорот на Кан, Тиери Фремо, ќе биде присутен на признанијата, кои ќе бидат објавени некаде за време на фестивалот што ќе се одржи од 17 до 28 мај“.

Слично, Оскарите го приклучуваат Тwitter на церемонијата во обид да регрутираат и допрат до помлада или поинаква публика: Твитерџиите ќе можат да гласаат за нивните омилени филмови кои беа објавени во 2021 година - без разлика дали филмот е номиниран за Оскар - користејќи го хаштагот #OscarsFanFavorite. Филмот кој ќе добие најмногу гласови од обожавателите до 3 март ќе биде признат за време на емитувањето на наградите на 27 март.