Триумфално враќање на Euphoria


Еуфорија е серијата која на родителите на тинејџери им даваше ноќни мори и ги држеше будни навечер: погоди нерв, баш затоа што изгледаше болно познато и вистинито. Исто така, Еуфорија им понуди естетика на децата на тие родители кои ја копираа во шминката, облеката, ставовите и поставеноста во светот. А кого лажеме дека децата ја копирале шминката? Ги препознав Фенти светките на Џулс - и јас ги носев за Нова година, децении после моето тинејџерство!


Во втората сезона која ја почекавме цели две години поради пандемијата (со исклучок на две special епизоди, кои ги премостуваат приказните до точка на која што очигледно сценаристите сакаат да ја однесат без да фалат големи делови) ние како публика сме супер жедни затоа што Еуфорија баш поради недостатокот на цензура во име на коректност вообичаена за телевизијата, која не сака да се расправа со дневниот печат или јавноста воопшто, станува тип на серија во која публиката е вљубена. Приказните се искрени со нас, и добиваат приврзаност. Овој тип на „Еуфорија„ за ТВ или филм беше реакција на Брејкинг бед - тоа се пресликува и во бројките, а премиерата поставува рекорд од 2.4 милиони прегледи на HBO платформата.

Десет минути во првата епизода, гуглам да дознаам дали режисерот е Тарантино. Најозбилно. Иако сцената која ја отвора сезоната ја видовме во Needed me спотот на Ријана, сепак хуморот (кој е нов елемент оваа сезона) е она што потсетува на Тарантино освен линијата по која оди помеѓу хорор и насилство (- што правиш? - а ова? немаш гајле, само хероин е.). Тарантино го режира Трејнспотинг кој се одвива на Тамблер со Тамблер естетика.


И сега следи спојлер...

Fez дилерот од Еуфорија
Fez euphoria

Фактот што после толку долго чекање , стигнавме до премиерна епизода посветена на Фез - дилерот со златно срце (секоја епизода портретира по еден лик ), финишот вредеше толкав застој: кулминира и со тоа завршува со брутално и графичко претепување на насилниот негативец (Нејт) кој нè антагонизира нас како гледачи преку тоа што се изживува со протагонистите - физички надмоќен, но и по статус, шовинист, хомофоб кој „лови„ луѓе на Грајндер, поради личен конфликт, конечно кроткиот но правичен антихерој тарантиновски го понижува пред сите со развлечен, брутален и калкулиран напад но како гледачи, наместо да се скриемe позади дланките воскликнуваме во Еуфорија...