top of page

Фарел дебитираше на париската машка модна недела за Луј Витон

Фарел Вилијамс го наследува Вирџил Абло како креативен директор на машката линија за Луј Витон - и со тоа што ја зема Ријана како лицето на маркетинг кампањата веднаш ја покажа својата неконвенционална позиција.



Изборот на Фарел во најдобар случај може да се толкува како продолжување на наследството и визијата на Абло за разновидност, инклузивност и иновација во модната индустрија. Фарел Вилијамс има свој сопствена естетика и интерпретација на својата креативност, и воопшто не е дебитант во модата - долгогодишна соработка со Шанел сведочи за тоа, и дури делуваше како муза на Карл Лагерфелд, улога обично резервирана за жените во дизајнерскиот свет.




Во најлош случај, неговата позиција може да се чита како притисок и предизвик за Фарел Вилијамс да го задоволи високиот стандард и очекувањата кои ги поставил Абло со неговиот револуционерен креативен печат.



На 20-ти јуни, на неговото деби на машката модна недела во Париз, се чинеше дека ниту една релевантна фигура од тековната култура не фали: од Ријана и АСАП Роки, до Бијонсе и Џеј Зи - кој настапи заедно со Фарел, и ги пројдоа нивните заеднички траки а Џеј Зи, ја изведе и химната N++)(* in Paris… Од Ким Кардашијан до Тејлор Д Криејтор до Џеред Лето до Зендаја, сите дојдоа да му поскаат добредојде… Па сепак, една централна фигура не беше таму:


Је.


Је веќе повеќе од една деценија е прилично вокален, на темата на црните креативци кои се ограничени во своите улоги на рапери и спортисти и тука нивниот ангажман запира. Тој изискуваше место на масата, што го измамуваше чудењето дури и нетрпеливоста на самата црна заедница - беше несфатливо зошто бара одобрување од големите корпорации.


Објаснувањето кое го даваше често беше наречено „бладање“ или „испад“ . Од неговата модна организација беше регрутиран Вирџил Абло што ефективно го прекина нивното пријателство покрај соработката.


Но - откако Је безмилосно ја напаѓаше својата сега поранешна сопруга и нејзиниот тогаш - дечко (направи спот, кој беше стоп моушн анимација и прикажуваше киднапирање, и обезглавување на Пит Дејвидсон) и напаѓадите кон Еврејската заедница и јавното прокламирање на својата љубов кон Хитлер конечно го однесе во дупка, во острацизам од кој Је е многу можно никогаш да не може да се опорави.


И покрај сето ова - неговото отсуство беше гласно, а имаше и тонови на прикриено славење (списокот на гости кажа доста). А и вајбот некако се чинеше дека е "ти танцуваме на гробот"... една работа е сигурна: Је ги користи овие опклади против неговите шанси за успех како гориво.



Стани Дивотно

Comments


Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 после серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот. Ја отвораме вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, и се стремиме да го претставиме ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите(gatekeeper) туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминатната платформа минативе 5 години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко загребуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајки за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател : Ние ги истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графитите, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат цел подобрување на светот. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за се што ја прави човечката култура и уметност така прекрасна и интригантна.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

дива лого
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page