Посетителите на првиот викенд на Коачела оставија снимки по социјалните медиуми, како орди на луѓе трчаат во истиот момент кога се отвориле вратите на сцената на која требаше да настапува Френк Оушн, за да обезбедат што подобра позиција да го проследат извиканиот концерт.
Тоа беше првиот настап на Оушн од 2017та - кога го издаде неговиот последен албум Blonde.
Нестрпливоста растеше како денот прејде во ноќ, не само за нас кои чекавме да го проследиме настапот на лајв стримот - во Македонија тоа беше во 7 наутро, и со тоа се разбудивме прилично рано во очекување... но она на што нѐ дочека беше гласина дека сепак ништо од преносот во живо.
Гласините се потврдија кога „пукна“ веста од официјалниот Твитер профил на Јутјуб кој не́ извести дека за разлика од сите други Коачела настапи Френк Оушн нема да го гледаме, барем не на лајв стрим.
И потоа почнаа да стигнуваат реакциите од присутните во Индио пустината: критики и чувство на разочараност, дури гнев. Оушн не само што не доцнел цел час, туку ненадејно го прекинал концертот, песните ги прекратувал, оставал долги паузи помеѓу нив, но и бизарно вклучи Диџеј во сетот, кој пушташе - рејв- добри петнаесетина минути.
Ништо ниту од најавеното уметничко лизгање - цела трупа уметници беа најавени да го придружат настапот, но и тие беа тргнати во последен момент - Оушн беше речиси во темница, со качулката од јакната навлечена преку главата, и во влечки.
Ролинг Стоун, известил дека преку извор „близок до ситуацијата“ дознале дека Оушн се здобил со повреда на зглобот додека вежбал за настапот.
Фановите се чувствуваа изневерено - патувањето до Калифорнија, и самиот престој не чини само време туку и пари.
Ролинг Стоун подкастот не́ упати, пак, на Empty Netters подкастот, каде што објаснуваат што се случи минатиот викенд:
Коачела е фестивал кој се протега во два викенди, со идентична постава: вториот викенд го реплицира првиот. Но сега дознаваме дека Оушн нема да настапи овој викенд, водејќи се по „препораките на докторот, Френк има две скршеници на левата нога.“ - кажал неговиот публицист.
Френк додал и своја белешка на крајот на изјавата „ Беше хаотично. Има некоја убавина во хаосот. Не беше на начин како што имав намера да ја прикажам музиката, но уживав додека бев таму, и ќе се видиме наскоро- Френк Оушн.“
Уште од неговиот деби албум Channel Orange во 2012, ние како фанови знаеме дека не прави многу концерти во живо. Има направено само грст концерти, и се има откажано повеќе пати од закажани фестивалски настапи.
Но - тоа што ни́ го дава како уметност, како музика, како поезија, и во крајна линија како врска преку она што го создава, целото тоа доживување, тешко може да биде помрачено или огорчено од „технички проблеми“.
Сосема во линија на стихот од е е камингс:
,,since feeling is firstwho pays any attention to the syntax of thingswill never wholly kiss you;
wholly to be a foolwhile Spring is in the world"
Човекот што ни́ го даде Novacane, Lost, Nights… блог активноста на tumblr, Хомер и Blonded радиото на Епл… Современ Стиви Вондер со Афекс Твин пресврт... сосема ОК сме со тоа…
I was writin' down everything
Things I would tell nobody
Some things I didn't even tell me
That alcohol was stingin' me
My four cousins stayed with me, stayed with us
One was in the shower
My aunt in law come over to fuss and fight
So she get out in cutoffs and a wifebeater
Vaseline and Reebok classics
Weaves and baskets
Clarky had them road rashes
Lost your virgin on a air mattress
This what I would do just to show you
That it's special now
What could I do to know you better than I do now?
What can I do to love you more than I do now?
What can I do to know you better?
What can I do to show my love?
What can I do to know you better?
What can I do? What can I do?
don't let the high go to waste
п.с. Сите подкастери, влогери, медиуми зборуваа само за настапот кој не се случи, па еве го Баден као „свршава“ на Оушн, пред да го растури - како што обично бива
Comments