Френк Оушн снима игран филм



Гласините стануваат се́ погласни: Френк Оушн планира да го напише и режира својот прв долгометражен филм со поддршка на A24 и 2AM. 2AM, млада продукциска компанија со седиште во Лондон е независен потфат, поддржан и дистрибуиран од А24. Деталите за проектот остануваат прикриени како и самиот пејач на Blond, но, според HYPEBEAST, проектот, за внатрешна употреба го носи прекарот „Фили“ и Оушн го гледа Ново Мексико како потенцијална локација за снимање, што го отежнува формирањето на какви било кохерентни теории на обожавателите,што се однесува до заплетот на филмот.



Frank Ocean портрет во магазинот Boys Don't Cry кој го издаде заедно со Blonde




Минатиот кинематографски труд на Оушн ги вклучува визуелните елементи што го придружуваат Endless од 2016 година, како и музиката што ја има лиценцирано за голем број претходни филмови на А24, вклучувајќи ги „Godspeed“ и „Seigfried“ во Waves и предговорот што го напиша за објавената верзија на Moonlight. Тој е најавен да настапува на Коачела 2023 - што укажува на објавување свежа музика, но по кој редослед ќе се одвиваат и објавуваат проектите - може само да се претпоставува.



Ова не е единствениот проект предводен од музичар што се работи на А24, кој склучи продукциски договор со Тревис Скот во 2021 година, со Кактус Џек, компанијата на Скот, потпишувајќи серија филмови.



Зинот Boys Don’t Cry на Френк Оушн, даде и детали за некои од омилените филмови на R&B пејачот. Како што можеби веќе знаете, ограничениот печатен магазин беше објавен заедно со новиот албум на Оушн, Blonde кој беше објавен во 2017 во случајни поп-ап продавници ширум светот. Оваа една страница беше посветена на сите филмови кои го инспирираа, вклучително и фотографии од секој од нив. Списокот е прилично голем, но неколку режисери се повторуваа доста често, вклучувајќи ги Квентин Тарантино, Пол Томас Андерсон, Вернер Херцог, Вонг Кар-веи, Дејвид Линч, Браќата Коен и Стенли Кјубрик.