top of page

Цртање приказни

Вечерва(7.06, вторник) во 8 часот ќе има групна изложба на стрипови, насловена „Цртање стрипови“.



За уметниците кои учествуваат, може да се каже следново: по принципот споени садови - доколку духот, талентот, енергијата која ги движи овие креативци, е содржината која шета и се прелева во садовите, кои се уметничкиот медиум и жанр, на кој одбиваат да се посветат ексклузивно- не е изненадување што покрај групната изложба на која ќе бидат изложени таблите, секако ќе настапува состав кој во оваа прилика се вика Цвеќарница - нагаѓаме во својата најнова и најсвежа варијација, која тешко би функционирала во друг контекст. Цвеќарница музичарите се Јордан Костов, Владимир Лукаш, Вук Митевски, Стефана Маркович и Ѓорѓе Јовановиќ.



Македонскиот стрип кој има едновековна историја, во моментов е воглавно вдомен во Лифт- единствено списание кое е наменето за оваа уметност, и ја заслужи таа титула, со конзистентноста, со децениската работа, и сите активности со кои ги стимулира стрипаџиите овде.





Изложбата вечерва, сепак, е организирана и иницирана од Ѓорѓе Јовановиќ, но и покрај тоа што нема покровителство, не треба посебно да се истакне да биде јасно дека работи во функција на македонскиот стрип па и Лифт. Македонските уметници имаат склоност кон цртање и пишување стрипови(дури и доколку е само во позадината на тетратките) - па и кога не пишуваат стрипови елементите се неоспорно стриповски(Кирчо Арсовски на пример.) Можеби таа љубов е култивирана во рубриките на обврзаната лектира на Политикин забавник - кој не само што имаше вткаено цело стрип издание во центерфолдот, туку и ги затвораше изданијата со таа форма. Стриповите беа интегрален дел на растењето во 70те и 80те. Динамичните , енергетични, приказни кои ги кажуваа, со непредвидливи пресврти, ги правеа многу возбудливо четиво, а македонските млади генерации не беа ускратени од искуството затоа што имаше обилни и редовни изданија на српско-хрватски (па и македонски) на најпопуларните стрипови од тоа време: Дилан Дог, Марти Мистерија, Алан Форд… трафиките беа покриени со стрипови.



политикн забавник
Политикин забавник уште во шеесетите ги вклучувал стриповите во голема мера

"Се велеше дека ги расипува децата, дека е залудна забава, дека нема уметничка вредност. Стрипот помина долг пат до уметничка/теоретска/академска афирмација: историјата на уметноста го негираше, теоретичарите и универзитетските институции го омаловажуваа, галериите го избегнуваа…

Појавувајќи се првично на маргините на весниците како средство за масовна комуникација, комбинирајќи текст и слика, стрипот често се позиционираше меѓу издаваштвото, медиумите, литературата, филмот, сликарството и дизајнот од една страна, и меѓу весниците, академските институции и контракултурните движења од друга страна. Во еден навидум едноставен исказ, кој претежно комбинира текст и слика, комбинира или одвојува визуелна и вербална нарација, производствен ред или авторска бескомпромисност, со можности за продукција од евтин сам