Што го јаде Spencer Elden: приказна за self-fulfilling prophecy




Spencer Elden, бил четири месеци кога го сликале за каверот на Nevermind албумот на Nirvana - еден од најпознатиот и иконичен дизајн за насловница на албум. Значи тогаш бил четири месеци, а сега го тужи бендот за “сексуална експлоатација”.


Ок друже не сме ние дел од луѓето што се сомничави по автоматизам и ќе кажат дека можеби му текнало во еден момент дека заслужува некаква компензација и само тоа, а детската порнографија е начин како да дојде до пари. Можеби се чувствува морално згрозен… сѐ е можно… Тој тврди дека заработил првично 200$, а подоцна уште 1000$ за да ја повтори фотографијата, но тогаш веќе возрасен. Celebrity net worth, вели дека Elden “тежи” 50.000$… па се оформува полека сликата… за евентуалните мотиви за оваа парница.