top of page

Што доколку сите престанат да плаќаат струја?

Во Влае со години камионот кој го собира ѓубрето стануваше прогресивно помрзелив, и помрзелив. Лани Општина Карпош ми одговори: „не е тоа во наша надлежност“ - откако посочив дека се преполови фреквентноста на собирањето ѓубре. Тоа ескалираше последнава половина година кога од „мрзеливо“ статусот се промени во апсолутно хаотичен во најдобар случај, а непостоечки во најлош. И тој најлош стана стандард. Општината по социјалните мрежи повторно повтори: Комуналец е задолжен за ѓубрето, ние немаме ништо со тоа. И тогаш предложив во групата „Заедно, за зеленилото за Карпош“ - доколку ЈП Комуналец е служба независна од општината а плаќаме сметки за нејзе - логично е да престанеме да ги плаќаме, затоа што услугата - не ја добиваме! Во коментарите тоа се чинеше дека е дизни фантазија, и ми посочија дека веројатно ќе се соочиме со насилници, кои милом или силом ќе ги изнудат парите, и дека едноставно е невозможен тој подвиг. Новинарка од Слободен Печат го примети разговорот, почнала да врти броеви и да прашува зошто не се собира ѓубрето, и - уште следниот ден се „поправи камионот“(што го наведоа како причина за отсуството).


Од јули, сметките за струја се зголемија и до 40% , и веројатно тоа ќе продолжи и како се приближуваме до грејната сезона. Јасно е дека ова е глобален проблем, поскапувања, инфлација, тонење во сиромаштија... и така наидов на интервју со иницијатива која се нарекува „Не плаќај“ и која почнала од муабет на шанк.


Еве го интервјуто, па вие сами извлечете си заклучоци.



Што би се случило ако сите едноставно престанеме да ги плаќаме сметките?


Не плаќај” е нова кампања која ги повикува луѓето да престанат да ги плаќаат сметките за струја од 1 октомври (во Велика Британија) - овде разговараме со организаторите за да дознаеме дали навистина може да профункционира

Дали некогаш сте се запрашале што би се случило ако сите едноставно се одлучиме да престанеме да ги плаќаме нашите сметки? Дали доколку толку многу од нас одбијат да платат, енергетските компании едноставно нема да можат да направат ништо околу тоа? Можеби звучи како сон, но „Не плаќај“ е нова кампања која ги повикува луѓето да ги откажат своите директни задолжувања од 1 октомври. Ако еден милион луѓе ја дадат својата поддршка, штрајкот ќе продолжи.






Претходно во април, група пријатели дошле на идеја во паб откако почувствувале потреба да направат нешто за да се борат со вртоглавата криза на трошоците за живот. „Сите ние сме социјално и класно свесни луѓе кои често разговараме и правиме планови да одговориме на она што го гледаме како угнетувачко економско насилство извршено врз луѓето од работничката класа“, вели Џес, еден од организаторите, за Dazed.


„Сметките за струја и нивните трошоци се едни од најважните работи што сите ги чувствуваме во овој момент“, продолжува таа. „Со грозоморните и неправедни поскапувања што ги имавме во текот на минатата година и ги очекуваме во октомври, почувствувавме дека сега е време навистина да го направиме скокот и да започнеме со „Не плаќај“.


Џес е во право: сметките за енергија се зголемија за речиси половина во април, оставајќи околу 6,5 милиони луѓе неспособни доволно да ги загреат своите домови - неверојатна бројка за шестата по големина економија во светот. Работите треба да се влошат, исто така, со тоа што се очекува сметк