top of page

Њујорк го претрка и Скопје со лошиот квалитет на воздухот




Њујорк, најголемиот град на американскиот континент, и денеска(9-ти јуни) е обвиен во магла и прав, а мерните инструменти покажуваат висока загаденост на воздухот. Причината за оваа состојба се големите шумски пожари кои горат во Канада и чиј чад се придвижува на југ кон САД.





Според платформата IQAir, Њујорк има најзагаден воздух од било кој друг голем светски град. Вториот најлош по квалитетот на воздухот беше пакистанскиот град Лахор.




Властите во Њујорк издадоа предупредувања за граѓаните да ги ограничат своите активности на отворено и да носат маски за да се заштитат од чадот. Јавните училишта ги откажаа сите настани на отворено. Видливоста во Њујорк нагло се влоши бидејќи чадот од стотиците активни шумски пожари во Канада го прекри американскиот град во портокалова магла.


Чадот од шумските пожари се движи на југ кон САД од мај. Стотици пожари горат во Канада од западните провинции до Квебек на исток, каде има повеќе од 150 активни пожари во невообичаено интензивниот почеток на летото. Властите во Канада евакуираат илјадници луѓе поради опасноста од огнот.


Студии покажале дека климатските промени се главниот двигател на растот на жешкото и суво време на западот од САД и Канада. До 2090 година глобалните шумски пожари се очекува да се засилат во интензитетот за дури 57% поради климатските промени


Comments


bottom of page