top of page

Џеј Зи: „Појавувајте се додека не ве наречат директор, генијалец, најдобриот на сите времиња“

Џеј Зи во последно време е тивок. Направи подолга пауза од музиката, ја подрасна косата и се раскомоти во улога на татко. Тој изгледа... зен. Среќен. Затоа беше малку изненадувачки кога се појави на Греми наградите годинава - каде тој и неговата сопруга Бијонсе историски беа игнорирани во главните категории - за да прифати измислена награда за која никој не знаеше дека ја добива. .

Но, земајќи ја наградата Dr. Dre Global Impact Award со неговата ќерка Блу Ајви покрај него за морална поддршка, тој го одржа најдобриот говор на вечерта, во кој се осврна на непријатната историја на шоуто за награди кон Црната уметност, критикувајќи го контроверзно анонимно гласачко тело и појасни зошто тој и Бијонсе продолжуваат да се појавуваат од година во година.




Обично ги земав како шишенца за Блу, но Блу повеќе не пие од шишенце, порасна, а плус има и свои Греми награди. Најпрво благодарам до Др.Дре. Благодарам господине. Сите врати кои ги отвори. Ни покажа дека можеме да бидеме рок ѕвезди кога те гледавме на насловницата на Ролинг Стоун. Прво беа RUN DMC со Aerosmith, но кога Запад излезе, го подигна тоа на сосема ново ниво.  Не́ постави на насловници, на Ролинг Стоун,  нè однесе низ светот ти и Снуп. Се́ што направивте, сите рекорди што ги скршивте. Ти благодарам за сето тоа. 
Очигледно е одлично да добиеш награда од таква икона… Колку далеку дојдовме. Со Вил Смит, Jezzy Jeff and the Fresh Prince, добија греми во 89-та. И ги бојкотираа наградите затоа што не беше пренесено доделувањето на ТВ. И тогаш…отидоа во хотел и ги гледаа Греми наградите… не беше одличен бојкот. 
Но тогаш во 1989-та земав пример од нив, и бев номиниран за најдобар рап албум а DMX таа година издаде два албуми, и двата беа број 1 а воопшто не беше номиниран. Затоа ги бојкотирав и ги гледав Греми наградите… Само го кажувам ова затоа што сакаме да ја погодите работата. Ве сакам, ве сакам, ве сакам, само сакам да ги погодите, барем да се приближите до погодување. 
И очигледно е субјективно. Затоа што е музика и е базирано на ставови. Но знаете, некогаш… знаете… не сакам да ја засрамам младава дама, но таа има добиено најмногу Греми од сите, а нема добиено Албум на годината. Па дури и според вашата метрика не функционира. Размислете за тоа: најмногу Греми… Никогаш не добила албум на годината. Не функционира.
Некои од вас ќе одат дома вечер и ќе се чувствуваат како да се ограбени. Некои од вас можеби ќе бидат ограбени… Некои од вас не припаѓате во категоријата… Не не не… Кога имам трема ја кажувам вистината. 
Но надвор од тоа: мора да продолжиме да се појавуваме. Заборавете ги Греми на секунда, и во животот… додека ќерка ми стои и ме гледа со трема како и јас… Воопшто во животот треба да продолжите да се појавувате. Заборавете ги Греми, продолжете да се појавувате. Додека не ви ги дадат сите аколади кои сметате дека ги заслужувате. 
Додека не ве наречат „директоре“ додека не ве наречат генијалец, додека не ве наречат најдобриот на сите времиња. Ya feel me? (Ме контате?)



bottom of page