Arctic Monkeys – "The Car"
Накратко: искрено, восхитувачко ремек дело кое го носи печатот на неограничената љубопитност на неговите креатори.
Тивкото чудо на долготрајното пријателство на Arctic Monkeys е нешто што од надворешна перспектива, делува како ништо да не се сменило. Иако во изминатата деценија четворката од Шефилд кидна во пустината, да ги живее своите фантазии на рок ѕвезди од Западниот брег и да одлетаат во такерија на Месечината пред повторно да се вратат на Земјата, тие го зачувале внатрешниот кружен дух преку нивниот отворен процес на соработка: квалитет што го дефинираше неограчениот и ослободен ‘The Car’. Волшепство на потценета самодоверба, бендот го започна создавањето на овој албум со импровизирање во стар манастир, а нивните експерименти со синтисајзерите на Moog и рефрените на клавир со лупови, набрзо трепкаа над затегнатите аранжмани - потсетник дека дури и најграндиозните песни не можат да ја сокријат моќта на синергијата.
‘The Car’ беше полн со срце и диви допири, а исто така широк по својот емотивен опсег: вртливите оркестарски парчиња паралелно го надополнија потсвесното лебдење на фронтменот Алекс Тарнер додека пееше за изолацијата и кревкоста на младоста. Рамката на албумот реплицираше четворица браќа кои работеа низ овие тешки емоции заедно, извртувајќи ги своите инструменти во различни формации сè додека не се приближија до откритие: „Постојано потсетувајте ме дека тоа не е трка“, пееше Тарнер на „Perfect Sense“. Неговата перспектива никогаш не звучела толку јасно; по години преземање и истражување на нови форми, ова е вистинската генеза на бендот.
NME рече: Спектакуларниот седми албум на бендот ја сумира нивната досегашна приказна: остро пишување песни, немилосрдна иновација и нераскинлива тимска работа.
Клучна песна: „Body Paint“
Wet Leg – "Wet Leg"
Накратко: дуото го врати животот и забавата во инди музиката.
Парот од Ајл оф Вајт можеше да биде оној чудовит бенд што летото 2021 година направи саундтрак, со ентузијастичниот налет од возбуда што беше „Chaise Longue“. Затоа, беше мерак и олеснување да се видат Рајан Тисдејл и Хестер Чемберс како доминираат следната година така заслужено.
Духовито, но топло и глупаво забавно, ова истоимено деби посведочи како парот ги следи стапките на нивните колеги од етикетата во Домино, Arctic Monkeys и Franz Ferdinand со идиосинкратичен стил, личност и класа, испорачувајќи албум кој не само што ја оправда возбудата, туку и ја врати потребната насмевка на лицето на британската гитарска музика.
NME рече: Нивниот деби албум делува како вртоглава трка околу лунапарк, тие досадни ниски избиени со духовитост и мудри досетки, како игра на вербално играње на "удри го кртот".
Клучна песна: „Angelica“
Beyoncé – "Renaissance"
Накратко: Суперѕвездата е „all killer, no filler“ (*сите се убици, без филери-песни за пополнување на место и време), на повик на сирената, на подиумот.
Бијонсе рече дека создавањето на нејзиниот седми албум за време на пандемијата ѝ дало можност „да сонува и да најде бегство во страшно време за светот". Намерата беше да се создаде „место без осудување… ослободено од перфекционизам и претерано размислување“ што ќе ги охрабри слушателите да се отпуштат и „да го ослободат врцкањето“.
Како триумфална прослава на подиумот, таа ги прифати жанровите како хаус, диско и баунс чии пионери беа црните уметници. Од „Alien Superstar“ до химните на „Break My Soul“ , „Renaissance“ беше моќна, жестока и прославувачка – и исполнета со песни што повеќе од сѐ охрабруваат „да го ослободите мрдањето “.
NME рече: Со „Ренесанса“, Бијонсе додаде уште една извонредна плоча на својот репертоар: овој пат таа ќе продолжи да ја води заложбата за враќање на црнечката култура во првите редови на хаус музиката и денс сцената.
Клучна песна: „Cuff It“
Fontaines DC – "Skinty Fia"
Накратко: Даблинската петорка, пробиваат нови терени на нивниот авантуристички и длабоко влијателен трет албум.
“I loved you like a penny loves the pocket of a priest („Те сакав како што еден денар го сака џебот на попот“), потврди Грјан Чатен од Fontaines D.C на „I Love You“, „разорниот централен елемент на Skinty Fia. “And I’ll love you ’til the grass around my gravestone is deceased.”(„И ќе те сакам додека не почине тревата околу мојот надгробен споменик). За оние кои беа длабоко трогнати од третиот албум на ирскиот бенд, ова последно чувство важи и: „Skinty Fia“, мислите, ќе биде признаена со години и децении. Тоа е албум кој е благословен со високи поени: земете ја ретката инди-поп куќа на Fontaines на „Jackie Down The Line“, искривениот трип-хоп на насловната нумера или „The Couple Across The Way“ што го крши срцето. балада која Чатен ја изведе само со хармоника, за друштво.
Запрашан од NME за Fontaines да биде крунисан за најдобар бенд во светот на овогодинешните BandLab NME награди, Чатен рече со намигнување: „Во споредба со нашите други албуми, повеќе би сакал да ме нарекуваат „бенд од една генерација“ или да прифатам уште едно лудо признание. за ['Skinty Fia']... затоа што знаете што? Овој пат го заслужуваме тоа“. Во сегашната форма, Fontaines DC се дефинитивно еден од оние бендови што тешко е да се надминат во моментов.
NME рече: Борбата за подобра Ирска заслужува песни што ја отсликуваат длабочината на кризата, а во својата бескрајно волшебна слава, „Skinty Fia“ триумфално одговара на задачата.
Клучна песна: „I love you“
Kendrick Lamar – "Mr. Morale & The Big Steppers"
Накратко: Рап-албумот што го шокираше светот.
По пет години на клупа, во игра што ја сака, рап џинот конечно се врати на теренот и ги претрка сите свои колеги со 'Morale & The Big Steppers'. Неговиот петти студиски албум честопати беше парадоксален, при што Ламар сакаше да нагласи дека “I am not your saviour” („Јас не сум твој спасител“) додека го анализираше општеството концизно како и другите. Но, овој албум сепак ни го даде златното правило на исцелувањето: зборувањето за вашите проблеми може многу да помогне. Доброто дете кое го запознавме пред една деценија сигурно порасна.
NME рече: Соголувајќи си ја душата, Ламар се надева дека ќе сфатиме како и ние можеме да се ослободиме од генерациските клетви.
Клучна песна: „Count Me Out“
Rina Sawayama – "Hold The Girl"
Накратко:Враќање со стил, на еден од најидиосинкратичните британски креатори.
Понекогаш, митскиот „тежок втор албум“ е токму тоа: мит. ‘Hold The Girl’, продолжението на извонредното деби на Савајама во 2020 година, беше саоуверена мешавина на влијанија, но под различните теми и жанрови меѓу кои отскокнуваше плочата, имаше чувство на искреност што ги одржуваше работите привлечни. Тоа беше, исто така, музичка турли тава: ‘This Hell’ ги канализираше Шања Твен и АББА, додека другите песни нудеа ароми на The Corrs, „Teenage Dream“ од времето на Кети Пери и Гвен Стефани. Сепак, низ сето тоа, тоа беше многу јасно Савајама.
NME рече: Најдобриот британски поп албум на годината.
Клучна песна: „This Hell“
Charlotte Adigéry & Bolis Pupul – "Topical Dancer"
Накратко: дебито на белгиското дуо таман за во клуб, се занимава со големи теми со несериозност и хумор.
Topical Dancer' се покажа како витален момент на ослободување за парот од Гент. Зборувајќи со NME, дуото – кои се на издавачката куќа DEEWEE на Soulwax – рече дека албумот им овозможил да го надминат статусот на „жртви“ и да си ги вратат своите наративи под контрола. „Ако сакате да бидете навредени, тогаш слободно“, рече Адижери. „Но, повеќе нема да ја вложувам мојата енергија во тоа“. Наместо тоа, остри дофрлања, и боцкања со коментари како и наелектризираните битови, на дуото владееја моќно на плоча, полна со хумор, срце и некои сериозни песни кои го загреваат подиумот.
NME рече: Соработниците ги контрастираат живописните денс-поп мелодии со ужасно остри и злобни спуштања, на мисогините медиуми.
Клучна песна: „It Hit Me“
1975 – "Being Funny In A Foreign Language"
Накратко: Најголемиот – и најдобриот – поп бенд во Британија почна да ја гради својата оставштина.
Зголемениот квалитет на мелодиите на петтиот албум од 1975 звучеше како еуфорија доживеана со затворени очи. Нивното најконцизно и најпрецизно издание досега, „Being Funny In A Foreign Language“ содржи некои од најдобрите текстови во кариерата на фронтменот Мети Хили, со смело лично и фиктивно раскажување приказни кое беше набиено со повеќе велигденски јајца(*скриени значења) отколку новиот филм на „Топ Ган“. Без да го изгубиме од вид акутното културно коментирање, со кој бендот го прослави своето име, оваа плоча се фокусираше на новата блескава визија за љубовта на Хели, која свети како светлечко стапче, и се чувствува жив со единственото и долгоочекувано чувство на слобода што го даде 2022 година.
NME рече: Го комбинира малку стивнатата вештина на бендот за пишување огромни, веднаш незаборавни громки поп песни, со покомплексниот, невротичен лирски глас на поновите изданија од 1975.
Клучна песна: „Part Of The Band“
Rosalía – "Motomami"
Накратко: Со албумот број три, шпанскиот жар, продолжува бестрашно да иновира.
Розалија стана суперѕвезда добитничка на Греми со вешто мешање на звуците на фламенко со експериментални поп фанфари,, но тука таа навистина успеа да го зголеми влогот.. Блескаво пакетче, со фламенко, регетон, лефтфилд поп(*мешавина на синт поп, дрим поп, R&B) , блескав R&B, и една песна најдобро опишана како „очајно евангелие“, „Motomami“ беше возбудлива и збунувачка подеднакво. Корисно е, што имаше и здраво чувство за забава: една минута Розалија пееше за трансформирање со „make-up de drag queen“, а следната ги спомнуваше Наоми Кембел и Хулио Иглесијас. Почит.
NME рече: Росалиа не си прави сопствена лента на улицата, колку што гради свој ултрамодерен, супер-кривулест соничен автопат.
Клучна песна: „Cuuuuuuuuuute“
Nova Twins – "Supernova"
Накратко: Рок отпадниците нанесуваат удар по задникот кој уништува жанрови.
Со „направи сам“ дух, дуото испорача темпераментен втор албум, кој ја примени нивната љубов кон R&B и рап и поп заедно со нивниот Day Glo Rock вкус, а сето тоа зборува за оснажнување, сексуална слобода и решителност никогаш да не бидат контролиранин. После номинација за MOBO и Меркур подоцна, оваа плоча ги зацементира во сцена која едноставно не може да се игнорира: ова беше звукот на Nova Twins како ги отвараат вратите со клоци, по нивни услови.
NME рече: Со право беа извикани како витален нов глас во светот на рокот, Nova Twins не дозволија ниту еден од тие притисоци да попречат во создавањето на раскошен, фантастичен втор албум кој е разигран колку што е и моќен.
Клучна песна: „Antagonist“
Comentarios