top of page

Andre 3000 издава нов амбиентален албум ,,New Blue Sun"

Updated: Jan 16, 2024

André 3000, непредвидливиот рапер, продуцент и текстописец најпознат како половина од Outkast, конечно објавува соло албум. Но има една цака: нема зборови.



Наместо тоа, „New Blue Sun“, што треба да излезе во петок, „е целосно инструментален албум фокусиран на дрвени дувачки инструменти“, се вели во соопштението во вторникот. Цитирајќи ги Laraaji, Brian Eno, Alice Coltrane, Steve Reich и Pharoah Sanders како влијанија, музичарот заменува битови и рапови за флејти и кларинети - скршнување што го започна пред околу две децении, додека Outkast беше пред својата завршница како бенд.

„Долго време ме интересираат дувачките инструменти, па занимавањето со флејти беше само природна прогресија“, рече Андре (48) во објавата. „Сакам да си играм со инструменти и гравитирав најмногу кон дувачките“.


Уметникот, роден како Андре Бенџамин, последен пат издаде албум со Outkast во 2006 година: „Idlewild“. Саундтракот на филмскиот мјузикл на дуото. „Speakerboxxx/The Love Below“, двоен албум на групата награден со Греми, се случи три години порано.


Оттогаш, Андре се појави како истакнат рапер на песни од Kesha, Beyoncé, Future, Kanye West и други, а неодамна се појави наKiller Mike песната “Scientists & Engineers,” , која минатата недела беше номинирана за две Греми награди (најдобра рап изведба и најдобра рап песна). Во 2014 година, Андре и Биг Бои повторно се обединија како Outkast за серија фестивалски концерти.

„Се сеќавам дека на 25 години реков: „Не сакам да бидам 40-годишен рапер“.Андре изјави за Њујорк Тајмс во 2014 година, кога имаше 39 години. „Сè уште стојам на тоа. Јас сум толкав фан на рапот што не сакам да го инфилтрирам со стара крв“. Тој додаде: „Не седам и пишувам рап, едноставно не го правам тоа. Сега единствениот пат кога сум навистина инспириран да пишувам рап е ако некој уметник во кој уживам ме покани на нивната забава“.



Првата песна од „New Blue Sun“ е долга 12 минути и е насловена како “I Swear, I Really Wanted to Make a ‘Rap’ Album But This Is Literally the Way the Wind Blew Me This Time.” („Се колнам, навистина сакав да направам „Рап“ албум, но ова е буквално каде ветерот ме дувна овој пат“). Другите песни на амбиенталниот албум со осум песни ги вклучуваат „Ninety Three ’Til Infinity and Beyoncé“ и „Ghandi, Dalai Lama, Your Lord & Savior J.C. / Банди, Џефри Дамер и Џон Вејн Гејси“.

Албумот е ко-продуциран од Андре и Карлос Нињо, а вклучува придонеси од гитаристот Нејт Мерсеро и Сурија Ботофасина на клавијатури и синтисајзери. Свирењето на Андре опфаќа дигитален дувачки инструмент, флејта на Маите и други од дрво и бамбус, се вели во соопштението.

Со години тој ја навестуваше својата нова, преферирана музичка насока. На Денот на мајката во 2018 година, Андре објави две песни на SoundCloud, „Me&My (To Bury Your Parents)“ и „Look Ma No Hands“, центрирани околу бас-кларинетот.

Во ново интервју за НПР, Андре наведе дека добил позитивни коментари за неговата амбиентална музика од помладите уметници како Tyler, the Creator и Френк Оушн. „Не сакам да ги тролам луѓето“, рече Андре. „Не сакам луѓето да мислат, О, доаѓа албум на Андре 3000! И ти го пушташ и сфаќаш човече, нема стихови. Така, дури и всушност на омотот, ќе видите дека пишува: „Предупредување: нема стихови“.

„Во мојот ум, навистина би сакал да направам рап албум“, додаде тој во. „Значи, можеби тоа ќе се случи еден ден, но морав да најдам начин да го кажам она што сакам да го кажам на интересен начин што ме привлекува на оваа возраст“.





Стани Дивотно

Comments


Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

дива лого
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page