Anonymous во одмазднички напад: објавија сајбервојна на Русија

Познати се по нападите на ЦИА, но сега се на мета сајтови кои се водени од руската влада. rt.com - пропутин гласило, кои многумина го карактеризираат како пропагандна машина беше соборено поголем дел од ноќта. Вчера вечерта ја отпочнаа со твитовите „Ставете се во чевлите на Украинците кои во овој момент ги бомбардираат. Заедно можеме да го смениме светот, заедно можеме да се побуниме против било што. Време е за рускиот народ да стане и да каже НЕ за путиновата војна. Ние сме Анонимус, ние сме легион. Очекувајте нè.



Ние како колектив сакаме мир во светот. Сакаме иднина за целото човештво. ..разберете дека овие акции се целосно насочени кон руската влада и Путин„.



Сајтовите кои или беа сосема симнати, или значително успорени, беа оние на руската влада, Кремлин, Дума, Министерството за одбрана на Русија.


Освен RT.com, колективот насочи DDoS (distributed denial of service) напади на руските интернет провајдери Com2Com, Relcom, Sovam Teleport и PTT-Teleport Москва.


Анонимус акаунти користеа #OpRussia и #OpKremlin хаштази, слично на #OpISIS кампањата кога се обидуваа да ја симнат пропагандата на терористичката ИСИС.