Better Call Saul ќе финишира со главните јунаци на Breaking Bad!



Better Call Saul - Подобро барај го Сол - е спин оф драма на супер популарната серија Брејкинг Бед, серија за која луѓето се натпреваруваа кој попрв знаел за нејзе, а Ентони Хопкинс и́ пишуваше љубовни писма. (Ел Камињо беше друг спин-оф но како филм)

Сол Гудман (игран од Боб Оденкирк) беше комичната оддишка, во тензичната серија па претпоставката беше дека Подобро јави му се на Сол ќе биде драмедија. Серијата така се отвори - комично и со ликови од Брејкинг бед, и со тоа носталгијата ја задоволи - а потоа скршна сосема лево и отиде, ако не и забега на моменти во спора био драма. Искрено, во еден момент ме изгуби како гледач, и покрај решеноста да го игнорирам темпото.

Како напредуваше ликовите од Брејкинг Бед полека се враќаа во екипата, и сега пред самиот финиш не́ пукаат со големите пиштоли!




Споделија слики од Брајан Кренстон и Арон Пол како Волтер Вајт и Џеси Пинкман со насловот: се враќаат! Последната сезона почнува на Април 18ти, и ќе биде поделена на два дела. Вториот дел од 6та сезона ќе продолжи во Јули. Таман за да изгледате се́ што сте пропуштиле. Кај нас ја има на Нетфликс во стандардниот распоред(а доколку има промени нема начин да знаеме).