Beyoncé, Jay Z и Diamond Star на Tiffany во нова кампања со име "За љубов"

Покрај толку „ѕвездена„ екипа, вестите ги направи Basquiat




Beyoncé и Jay Z носат промотивна кампања на Tiffany's, која се вика: „ “ABOUT LOVE.” Јавноста е увреѓена и лута! Зошто? Додека го барав одговорот на ова прашање, се почувствував како да спремам испит. Веќе е извесно дека не е можно да се пушти чекор без сеопшта хистерија.





На фотографиите кои се пуштени во етер, можеме да ги видиме Beyoncé и Jay Z како позираат пред Basquiat кој се вика „ Е еднакво на пи„ во сина боја (или „тифани сина„ или „ јајце на свиларка - сина„ - префинување е дневна задача! :). Додека Jay Z потсетува со косата на Basquiat веќе неколку години.


(I'm the new Jean-Michel!") , Beyoncé изгледа како црна Тифани - во црнa Hermes хаљина, дијамантот од 128 карати блескана нејзините гради. Само четири жени го имале тоа задоволство. Мисијата наКартерови на „преведување„ на белата и европоцентрична цивилизација и висока култура, во црна,продолжува, прилично успешно, без да се карикира, или да биде навредливо или вулгарно. Но - како што веќе спомнавме галама и прашина сепак се крена. Зошто? „Jay Zнашол за сходно Basquiat да ни́ го претстави додека промовира едновековна бела компанија?! „ - меѓутоа овој Basquiat бил откупен од Tiffany's од приватна колекција, токму за оваа кампања. Забуната веројатно доаѓа од неговите стихови:


"Yellow Basquiat in my kitchen corner

Go ahead lean on that shit Blue

You own it"

Вториот приговор беа: крвави дијаманти! Tiffany's излегоа со енергичен демант, но и со информација дека донирале два милиони долари на историски црни универзитети и колеџи. Со тоа се затвори контроверзијата, остана да ги разгледаме фотографиите уште еднаш, можеби да ја изгледаме Појадок кај Тифани или да ја прочитаме, и да почекаме 15 септември кога ќе излезат и со краток филм, во кој Beyoncé ќе ја пее Moon River, која е и во филмот, Појадок кај Тифани, испеана од Audrey Hepburn) ...