Bob Dylan во жешка вода

Bob Dylan, 80, минатата недела доби обвинение од жена, која тврди дека во 1965 година била издрогирана и силувана од Bob Dylan кога таа имала 12, а тој 26 години. Обвинението, кое минатата недела било поднесено во државниот врховен суд, вели дека J.C. (познати се само иницијалите) до ден-денес е емотивно ранета и психолошки оштетена. Dylan "воспоставил емотивна врска, за да ѝ ги намали инхибициите, што и се случило, за да може сексуално да ја злоставува. Kористел дрога, алкохол, и закани за физичко насилство."



Гласноговорникот на Dylan, вели дека "наводите на 66 годишната жена се апсолутно неточни и дека тој жестоко ќе се брани". Да потсетиме дека Dylan е невин додека не се докаже спротивното, но и дека случаи кои се сосема празни, барем легално, не би повлекле судска постапка. Ќе видиме дали ќе се јават и други жени со слични наводи што беше случај и со Bill Cosby (кој веќе излезе од затвор), R. Kelly (судењето само што започна), и секако Harvey Weinstein, холивудскиот бог паднат на теме...Или можеби ќе се спогодат надвор од судот и тој ќе плати висока сума пари, па вистината ќе остане засекогаш помеѓу нив двајца.