Google задава удар на сексуалните работници!




Google од 1ви септември, ќе ги симне апликациите наменети за поврзување на спонзори со помлади клиенти, или Sugar Daddy апликации од Плеј стор. „Почнувајќи од 1ви септември 2021, ќе ја обновиме политиката за непристојни и несоодветни содржини, за да утврдиме нови рестрикции што се однесуваат на сексуални содржини, конкретно ќе ги забраниме т.н. компензирани сексуални врски (спонзорирање/sugar dating) ."


Во моментов нивната дефиниција за несоодветни содржини се апликации кои промовираат секс забава, ескорт сервиси, или други сервиси кои може да се поротолкуваат како снабдување со сексуални услуги за компензација. Но, спонзорирањето до сега не влегуваше во таа дефиниција. Apple, никогаш ги нема дозволено овие апликации (My Sugar Daddy, Sugar, SDM, Spoil, Seeking Arrangement, Sugar Daddy Allowance").


Па дечки и девојки, дами и господа, и сите измеѓу - имате уште неколку недели доколку ви се чини интересна идеjава..после тоа, назад на местото каде што врие возрасни мажи кои бараат млади цурици за нешто џепарац - Facebook!