top of page

Grimes и Elon Musk полу-раскинаа!

Ексцентричната поп ѕвезда и бизнисменот - милјардер - втор најбогат Американец (? од јужна Африка) не се повеќе заедно после три години врска, и син од 16 месеци X Æ A-Xii. Elon кажа дека сеуште се во добри односи, и се сакаат, но поради работата не можат да бидат заедно долги периоди...


„Најмногу затоа што мојата работа во SpaceX и Tesla бара од мене да бидам примарно во Тексас или да патувам во странство, а нејзината работа е примарно во ЛА„


Веројатно неговата работа е причина зошто не пристигнаа заедно на црвениот тепих на МЕТ (се сретнале внатре) кога ја видовме Grimes последен пат... Тие веќе еднаш раскинаа, но не половично, кога Azealia Banks (глумица и музичар) на покана на Grimes ги посетила во ЛА, според нејзе под превезот на правење музика, да го импресионира Elon со тројка - но го поминала викендот сама во нивната куќа, чекајќи...Azealia се вратила дома суперлута и како резултат постирала на Инста детали и скриншотови од разговорите со Grimes која споделувала деловни пикантерии...


Elon и без тоа беше во нуклеарна верзија на „во гужва сум со Тесла", бидејќи најавил дека ќе продава акции на Тесла за 420$, па и одговорот му беше нуклеарен: Azealia мораше јавно да се извинува - доколку ја знаете Azealia знаете дека тоа е малку чудо, а со Grimes ја заврши врската...привремено.


Elon има 6 деца освен X Æ A-Xii, и две поранешни жени, а на Grimes ова и́ е прво дете. Кога се спремаше за МЕТ галата, во прилог за Vouge, откри дека не се идентификува со идентитетот „мајка„, иако има многу почит за него, па верува дека син и́ некако знае, па не ја вика мама туку Клер (нејзиното владино име)...

Comentarios


bottom of page