top of page

Herlinde Koelbl: Angela Merkel - Тaschen

Кога Коелбл почнала да ја фотографира Ангела Меркел, таа била млада, срамежлива министерка (за жени и млади) во владата на Хелмут Кол, за книгата „Траги на моќ„. Херлинде почнала да фотографира петнаесет политичари на високи позиции во 1991 година, во период од седум години, а за цел имала да претстави какво влијание има моќта на субјектите низ времето. Сме виделе портрети од овој тип на војници пред и после војна, симпатични онлајн „експерименти„ на промена на луѓето кога ќе слушнат нешто убаво за себе, но овој проект е од поинаков калибар. Политичарите ги сликала пред бел ѕид до црна столица, и не давала дирекции освен да погледнат отворено кон камерата.


Откако Меркел станала канцеларка во 2005 година, Херлинде и Меркел ја обновиле соработката. Меркел, која како физичар била катапултирана на политичката сцена, како една од најмоќните политичари (а во времето на Трамп нарекувана

"лидер на слободниот свет" титула резервирана за американските претседатели) од една страна не ги сакала камерите, а од друга пак, не била оптеретена дека следниот ден сликите ќе излезат по медиумите, ни дава интимен поглед на својата еволуција од чудно но - кревка жена, во самоуверена и релаксирана, зрела жена.



Comentários


Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 после серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот. Ја отвораме вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, и се стремиме да го претставиме ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите(gatekeeper) туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминатната платформа минативе 5 години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко загребуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајки за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател : Ние ги истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графитите, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат цел подобрување на светот. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за се што ја прави човечката култура и уметност така прекрасна и интригантна.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

дива лого
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page