Moon river по Beyonce

Бијонсе и Џеј зи носат промотивна кампања на Tiffany's, која се вика „ “ABOUT LOVE.” Јавноста е увреѓена и лута! Зошто?


Додека го барав одговорот на ова прашање, се почувствував како да спремам испит. Веќе е извесно дека не е можно да се пушти чекор без сеопшта хистерија.


На фотографиите кои се пуштени во етер, можеме да ги видиме Бијонсе и Џеј зи како позираат пред слика на Баскијат кој се вика „Е еднакво на пи„ која е во сина боја (или „тифани сина„ или „ јајце на свиларка - сина„) - префинување е дневна задача! Додека Џеј Зи потсетува со косата на Баскијат веќе неколку години (I'm the new Jean-Michel!"), Бијонсе изгледа како црна Голајлтли - во црнa Hermes хаљина, дијамантот од 128 карати блеска на нејзините гради. Само четири жени го имале тоа задоволство.


Мисијата на Картерови на „преведување„ на белата и европоцентрична цивилизација и висока култура, во црна, продолжува, прилично успешно, без да карикира, или да биде навредливо или вулгарно. Но, како што веќе спомнавме галама и прашина сепак се крена. Зошто?


„Џеј Зи нашол за сходно Баскијатот да ни́ го претстави додека промовира едновековна бела компанија?!„ - меѓутоа овој Баскијат бил откупен од Тифанис од приватна колекција, токму за оваа кампања. Забуната веројатно доаѓа од неговите стихови:

"Yellow Basquiat in my kitchen corner

Go ahead lean on that shit Blue

You own it"


Вториот приговор беа: крвави дијаманти! Тифанис излегоа со енергичен демант, но и со информација дека донирале два милиони долари на историски црни универзитети и колеџи. Со тоа се затвори контроверзата, остана да ги разгледаме фотографиите уште еднаш, можеби да ја изгледаме "Појадок кај Тифани" или да ја прочитаме, и да почекаме до 15 септември

кога ќе излезат и со краток филм, во кој Бијонсе ќе ја пее Moon River, која е и во филмот "Појадок кај Тифани", испеана од Одри Хепбeрн).