top of page

Pink Friday 2  на Ники Минаж е милениче на критичарите

од Бронтез Пјурнел;


Бронтез Пјурнел  е американски писател, музичар, танчер и режисер со седиште во Оукленд, Калифорнија.  Тој е автор на неколку наградувани книги, меѓу кои и „Бидејќи го спуштив мојот товар“ (2017), „100 момчиња“ (2022), кој освои  книжевна награда Ламбда за геј фикција и панк зинот Fag School. Purnell е фронтмен на панк бендот The Younger Lovers  и е основач на Brontez Purnell Dance Company.











Премногу долго време, женскиот рап делуваше како самоубиствен избор на кариера. Се чини дека општата формула беше: земи ги овие млади, храбри, убави, паметни и амбициозни поетеси-девојки, накани ги да рапуваат за најгрозните срања, и моментот кога работите за кои рапуваат почнуваат да го пресликуваат нивниот јавен живот, ги подложуваат на јавен атентат на личноста.

 Ги читаме коментарите, срцка.

 Кучките се длабоко нељубезни. 

Жените раперки не само што мораат да туркаат опасно перо, туку и да носат психички оклоп доволно дебел за да ја преживеат сопствената озлогласеност. Кога ќе ги земеме предвид опасно високите влогови кои се во игра, круната е навистина тешка, осветена и крвава за носење. Затоа, со големо внимание се испитува животот и кариерата на единствената Ники Минаж, родена како Оника Тања Мараж (Onika Tanya Maraj), ака Чун Ли, ака Роман Золански.





Секоја онтолошка приказна на суперхероите започнува со противник. Сите го гледавме видеото на младата Оника на час по глума во ЛаГуардија каде толку е соживеана со сценариото што го фрла телефонот кон друга млада актерка со таква сила што наставничката мораше да интервенира. Но, можете точно да го посочите, следново : гладот во неа. Црна, од работничка класа и родена во САД, Минаж сигурно имаше неколку културни минуси кои работеа против неа, но и́  беше судено да направи кариера од уметноста. Кога се оценува уметничката личност, тешко е вистински да се одвои автентичното јас од конструираното. Но, може да се воочи дека, во основата, младата Оника беше обучена актерка која го правеше рапот нејзината драма, а Ники Минаж беше најголемата улога од цел еден ебан живот, смислена и прилагодена само за неа.


На нејзиниот петти студиски албум, Pink Friday 2, објавен на почетокот во декември, Минаж нуди нешто што изгледа како тотем. Последната деценија, и триумфална и бурна, овде кулминира со албум кој е штедлив на гласни клупски хитови, но делува лирски, автобиографски, па дури и - се осмелувам да користам многу потентен термин - експериментален? Ако го разбереме Pink Friday, првиот, како сончевиот хороскопски знак, тогаш Pink Friday 2 делува како месечевиот знак: доколку првиот ги прикажува сите замки на славата, егото и енергијата, тогаш неговото продолжение открива дека Ники се занимава со работа од сенка: возраста, мудроста, ранливоста, па дури и некакво одучување. Записот повеќе изгледа како компилација, но важна за уметникот како Ники во нејзината фаза во кариерата. Јас го споредувам со Андре 3000 кој објави плоча за џез флејта минатиот месец; понекогаш на нашите идоли им е потребна привилегија да импровизираат и експериментираат. Pink Friday 2  се чувствува како личен дневник и жива книга со скици на понекогаш фрагментирани, но сепак моќни звучни записи. Традиционалните стихови на Ники се таму, но рамката е поместена. Можеби е дури и сосема стишана?



Пред да го ислушам, критиката што најмногу ја слушнав за овој албум беше дека звучи како „современ рап за возрасни“(adult contemporary rap). Што ме извади од памет, затоа што, да си ибе, сега сме возрасни, и ебено фала му на Бога што преживеавме. Има една културна амнезија што се случува околу хип-хопот - ние кои сме постари од Gen-Z  се сеќаваат дека тој стана Греми категорија дури во нашето време. Тогаш, воздигнувањето на Ники во рап пантеонот се чинеше како државен удар. Во нејзината ДНК беше девојка со автентична рап моќ  која сепак имаше голем удел во пејзажот на поп музиката (се сеќавате на нејзината EDM соработка од левиот центар со Дејвид Гета ( David Guetta) ?).


Се сеќаваме на начинот на кој таа исто така беше малтретирана поради тоа, но во ретроспектива мислам дека тоа беше игра на моќ. Ако таа не ја ставеше виолетовата перика и не ја отпееше „Girls Just Wanna Have Fun“, моќниците ќе ги пренасочеа тие пари на бела девојка. Секогаш оптимист, Ники рече:  “glue my muthafuckin’ wig down, I’m making this money.” ( „залепи ми ја ебената перика, правам пари“). Мотото?  “Act hood (i.e. locally), but think globally.” ( Дејствувајте маалски (т.е. локално), но размислувајте светски“). Вајбот е наместен на нејзиниот вообичаен стил - карипски вајб , на њујоршки начин - но би можеле да го рокнете албумот на Pacific Coast  автопатот, додека гледате контемплативно во брановите. Пружа отпор на фиксен локалитет, но скршнувам од темата.


Во создавањето на персоната на Минаж, толку радосно создадена во пост-микстејп ерата на Ники, беше овој досега невиден интерсекциски спој на рап, поп и меѓународна денс музика, што сега е норма (сите Црни девојки  EDM-уваат деновиве,  но тоа е есеј за друг пат). Спој го ова со нејзината Ворхолијанска работна етика; Освен во сопствената дискографија, Минаж гостувала на 185 соработки, а нејзините стихови честопати се единственото незаборавно нешто во тие песни. Таа ни подари цел живот на клупски хитови, но, според нејзините зборови, „Кога веќе имаш победени, кој кур е трка?“



Ова е она што го прави Pink Friday 2  толкав раритет, можеби дури и историски. Она што го добиваме овде е едно од ретките и радикални размислувања на уметник кој нема многу што да изгуби, кој конечно е слободен да истражува други ноти. Дури и кога е најбавен, има нешто топло и имагинативно во резултатот. Ова е албумот кој го направи за себе и за своите обожаватели. „Adult contemporary“ звучи смешно, но сепак е зрел и софистициран.


Албумот започнува со „Are You Gone Already“, многу емотивна песна, повеќе или помалку балада, и ода за двајца мажи, нејзиниот починат татко и новородениот син, кој како шлаг има и стих што е срцепарачки: You’ve already made peace with me / One day you’ll have to forgive Mommy(„Веќе сте се помири со мене / Еден ден ќе треба да и простиш на мама“). Толку е блиску до запис во личен дневник, што го поставува тонот на албумот. Како што Минаж сака да каже во нејзините Инстаграм лајвови: we gon get into some things.(ќе навлеземе во некои работи)




„Needle“, со нејзиниот долгогодишен пријател Дрејк, изгледа како весел и забавен B-Side, дава карипски вајбови, како освежителната музика во наргиле баровите, што ја пуштаат пред затворање. Но, да се разбереме. Еден од моите лични фаворити на плочата, „Bham Bham“, ја прикажува Ники во режим на комплетно курчење на ѕверски начин: We don’t like them bitches, pussy tight and vicious, hit them likes to lick this („Не ги сакаме кучките,со тесни пичиња и крволочни, удри ги сакаат да лижат“) толку убаво се тркала од нејзиниот јазик, во нејзината препознатлива каденца, што е речиси враќање на нејзините микстејп денови. Но, тогаш, срањево стварно станува чудно.



Две песни на албумот  колку што се возбудливи, толку се и збунувачки. Клупската „Everybody“ (семпл земен од Jr. Sr., електроклеш бенд со кој сум бил на турнеја во минатото) изгледа како да скокнала  од проклето нигде-никаде што е речиси како удар од позади  за сите кул клинци што се забавуваа во 2002 година. исто така го поставува тонот на „Last Time I Saw You“, водечкиот сингл што изгледа како електроклеш инди-поп песна од ерата на 00-тите. Тоа е навистина извонредно, и тоа е песната што ме натера да ја пуштам одново. 


Само времето ќе покаже каков ќе стане Pink Friday 2. Во однос на лозата, тоа е опуштена, но опсервациона понуда од уметник што нè воодушевува веќе две децении и конечно успеа да направи нешто по нејзин мерак.

 Има еден вид лична оправданост за тоа, како да е објавен љубовен плод. А ние, Барби фановите, љубезно го прифаќаме.




извор: The Interview Magazine;

фотографија: Torso;

bottom of page