Sean Penn пешки накај полската граница


Американскиот глумец Шон Пен снимаше документарец за VICE во Украина, имаше буквално место во првиот ред од кое може да гледа како започнува војната во Украина и се дружеше со Зеленски. Во овој момент е помеѓу десетици, ако не и стотици илјадници бегалци кои бегаат кон Полска.


“Јас и двајцата колеги пешачевме со милји до полската граница откако го оставивме нашиот автомобил на патот“, рече Пен во описот на Твитер со сликата. „Речиси сите автомобили на оваа фотографија носат само жени и деца, повеќето без никаков знак на багаж, а автомобилот е единствениот имот од некаква вредност“. Не објасни зошто морале да ја остават колата. Шон Пен е холивудски глумец од А листа, но често се наоѓа во кризни подрачја и ситуации.